Психотерапевт открива: Овие промени се случуваат кога долго време немаме физички контакт со луѓе!

Последици за психата

Експерт открива што може да почувствувате поради недостигот на физички контакт

Сите знаеме колку е важен блискиот контакт за здравјето на човекот, односно колку се лековити прегратките и бакнежите.

А коронавирусот оваа година одненадеж ни го одзеде тоа. Со цел спречување на ширењето на ковид-19, одржувањето физичка дистанца и носењето заштитни маски стана наше секојдневје.

Поради недостигот на физичка блискост, многу луѓе почувствуваа анксиозност и депресија.

„Физичкиот допир е од голема важност за човекот. Иако секој има некоја своја одредена доза на блискост што му е потребна, по неколку месеци оддалеченост, сите почнуваат да чувствуваат колку им недостига контактот“, тврди психотерапевтката за семејни односи и бракови, доктор Алиса Руби Баш.

Лошо расположение

Доколку веќе некое време чувствувате лошо расположение што и да правите, тогаш постои веројатност дека го имате овој проблем. Доктор Кетрин Џексон, клинички психолог, вели дека со помош на физичкиот допир нашиот мозок се полни со хормони за среќа, како што се серотонин, допамин и окситоцин. Недостигот на нивното лачење може да предизвика депресија.

Стрес

Две илјади и дваесетта година на сите ни донесе здравствена криза предизвикана од коронавирусот, а со тоа и страв, загриженост и стрес. Една од причините за насобраниот стрес е недостигот на физичка блискост. Без прегратки и бакнежи, нашиот мозок почнува да лачи хормони за стрес, како кортизол. Доктор Џексон советува да си играте со домашните миленици, ако имате.

„Допирот не мора да биде човечки за да има позитивен ефект“, докторот.

Одговорот на прашањето дали сакате прегратки или не лежи во вашата генетика
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.