Психолозите предупредуваат: 6 најчести симптоми на опсесивно-компулсивно нарушување

Обрнете внимание!

Еден од најчестите симптоми е постојаното миење раце

Опсесивно-компулсивното нарушување е ментална состојба која се карактеризира со опсесивни мисли кои би можеле да влијаат на квалитетот на животот.

Оваа болест е сè почеста и иако не постојат тестови кои со сигурност би можеле да покажат дали некоја личност има ОКН, психолозите навеле некои од најчестите симптоми што се јавуваат кај луѓето со ова нарушување…

1. Миење раце

Еден од најчестите симптоми на ОКН  е постојаното миење раце поради страв од болести предизвикани од бактерии. Ова се поврзува со длабоко психичко нарушување, а според психолозите, коренот се крие во тоа што личноста е длабоко неморална и со миењето раце, всушност сака да се „измие“ себеси.

2. Опсесивно чистење

Луѓето кои страдаат од ОКН најчесто имаат тенденција постојано да чистат и средуваат. Тоа лесно може да развие и фобија од бактерии, а желбата за чистење се зголемува со текот на времето.

3. Постојани проверки

Веројатно на сите им се случило да не можат да се сетат дали го исклучиле шпоретот или пеглата, па се вратиле за да проверат. Тоа е многу честа појава, но преминува во ОКН оној момент кога личноста секојдневно се враќа по неколку пати за да ги провери светлата, шпоретот, пеглата, бравата…

Психолозите тврдат дека причината за постојаните проверки е стравот од одбивање, но голем удел има и неодговорноста.

4. Броење

Некои луѓе кои страдаат од ОКН имаат тенденција да бројат, за време на качувањето по скали, на пример. Ова однесување е предизвикано од суеверијата дека, на пример, бројот 13 носи несреќа.

5. Организација

Опсесивно-компулсивните луѓе го организираат секој спектар од својот живот, до перфекционизам. Дали е во прашање сложувањето во парови, по бои, симетрично или совршено рамно, оваа карактеристика е поврзана со опсесијата со совршен ред и стравот од губење контрола.

6. Копнеж по прифатеност

Луѓето со ОКН постојано ги преиспитуваат своите одлуки и многу им е важно каков впечаток оставаат на другите.

Опсесивно-компулсивното нарупување може да го отежни, па дури и оневозможи нормалниот живот. Доколку однесувањето на луѓето со ОКН влијае негативно на нивниот секојдневен живот, потребно е да побараат стручна помош.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време