Првата студија на случај на „Профемина 2018“: Експертите од „Деница“ ни објаснија колку е важна едукацијата за очните заболувања
По првата успешна панел-дискусија, водителката Елена Стојановска Јанковска ги повика на сцена д-р Виолета Бучкоска и д-р Сашо Ѓорѓиоски од „Деница“, специјална болница за очни болести, кои на присутните им објаснија колку е важна превенцијата на очните заболувања.
Д-р Виолета Бучкоска, катарактен и витреоретинален хирург, се надоврза на дискусијата претходните панелисти со тоа што посочи дека покрај убавината, и здравјето е во уште поголема служба на среќата. Таа, како еден од најеминентните офталмолози хирурзи во државата, перменентно ги издигнува вкупните здравствени стандарди во Република Македонија, приближувајќи му ги на македонскиот пациент последните и најсовремени трендови во оваа исклучително сензитивна област.
Д-р Сашо Ѓорѓиоски, офталмолог дијагностичар, посочи дека децата уште од рана возраст треба редовно да одат на очни прегледи за навремено да се спречат сите потенцијални компликации со очите.
д-р Бучкоска подетално објасни што е тоа катаракта и која е врската помеѓу дијабетот и пропаѓањето на видот.
Имаме пациенти кои редовно си прават контроли и и покрај дијабетот, имаат одличен вид. Но ако не се води сметка за тоа, нарушениот вид е неминовна појава“.
Елена не испушти да го спомене најголемиот проблем кај сите нас: влијанието на зрачењето од екраните врз здравјето на очите, односно проблемот со дигиталните очни заболувања. Д-р Ѓорѓиоски ни објасни нешто повеќе за овој проблем на модерното доба.
Најголем проблем е со солзите. Кога сме пред компјутер, забораваме да трепкаме и намалено е лачењето на солзна слуз.“
Оваа студија на случај беше збогатена и со неколку прашања од публиката за кои експертите понудија стручни одговори и совети.
Целта на еден разбирлив, односно на популарен начин, да се осврнеме на повеќе клучни офталмолошки проблеми, како и да понудиме едноставни и јасни решенија како истите да се надминат, беше успешно постигната.
Студијата на случај заврши со тоа што Јована Стојменовиќ, главен уредник на магазинот „Убавина и здравје“ извлече неколку среќни добитници кои добија бесплатен очен преглед во болницата „Деница“.
Д-р Бучкоска и д-р Ѓорѓиоски своето искуство и знаење го практикуваат во Специјалната болница за очни болести „Деница“, која се наоѓа во наша близина, односно на улицата „Варшавска“ број 6 во мирната и спокојна населба скопска населба Тафталиџе. На околу 500 м2, наменски дизајниран и изграден простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура со што се овозможува вршење прегледи и оперативни зафати кои се на ниво на најсовремените европски и светски очни болници.