Правилна хигиена: Не ги менуваме четките за заби доволно често!

Четката за заби, класична или електрична, треба да се менува најмалку четири пати годишно, односно на секои три месеци, бидејќи има и рок на траење!

Во спротивно, го зголемувате ризикот од кариес и проблеми со непцата.

Според истражувањето спроведено во Европа, во просек ги менуваме само еден и пол пати годишно.

Совет за правилно чување на четки за заби

По секое четкање, исплакнете ја четката за заби и осигурете се дека нема да дојде во контакт со другите четки за заби. Исто така, не оставајте ја во шкаф, бидејќи тоа го промовира растот на бактериите.

Совет за купување на вистинската четка за заби

Кога купувате четка за заби, проверете дали нејзината „глава“ одговара на устата и забите. Побарајте онаква што има влакна со заоблени врвови.

Можете да изберете мека, средна и тврда четка. Мека е наменета за деца, стари лица, но и за оние со протези.

Стоматолозите нагласуваат дека овие четки се најдобри, но претежно се продаваат средни и тврди.

Средно остра четка е погодна за луѓе од сите возрасти, додека тврдите се добри за големи и силни заби.

Прочитајте и: Алергии: 6 природни начини за намалување на симптомите

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.