Подобрете го своето здравје!

Лековити билки

Доколку навреме почнете да се интересирате за лековитите билки, но и да ги користите, многу проблеми со здравјето постепено ќе исчезнат

Поради широкиот спектар на болести задолжителен е комплексен пристап на лекување.

1 По прележан акутен миокарден инфаркт неопходно е до крајот на животот да користите лековити билки што имаат благотворно влијание на срцевиот мускул – цветови од глог, срценица, нане, зелениче, корен од валеријана и ѓурѓевденче. Од нането можете да направите тинктура: 100 г тревка прелејте со литар 45-процентен алкохол и оставете да отстои на темно место, на собна температура, 20 дена. Земајте по 20 капки со половина чаша вода три-четири пати дневно, независно од јадењето. Доколку сте склони на покачен артериски притисок, оваа тинктура ќе ви биде многу корисна.

>Тинктурата од нане помага при остеохондроза, атеросклероза на крвните садови на срцето и големиот мозок, хронични исхемиски болести на срцето, катаракта. Таа ги шири крвните садови, ги подобрува крвотокот и микроциркулацијата и има антисклеротично дејство. Корисна е дури и во случај на хроничен панкреатитис, бидејќи има спазмолитичко својство, го подобрува варењето и придонесува за создавање ферменти за варење.

2 Во случај на панкреатитис потребно е да држите диета, да пиете лековити одвари и да земате одредена ензимска терапија. Препорачувам тинктурите да ги замените со одвари или да ги капнувате во зовриена вода за да испари алкохолот. Ваквите напивки задолжително пијте ги кога ќе се оладат.

Лековити билки корисни за панкреасот се цветови од смиле, стебло или корен од цикорија, млечен трн (лат. Silybum marianum), корен од чичка, листови и корен од глуварче.

* Од корењата обично се прави одвар: лажица иситнета суровина прелејте со половина литар вода. Варете половина час на тивок оган, поклопено, па оставете да отстои еден час. Пијте по половина шолја четири пати дневно пред јадење, во кури по три-четири недели и повеќе.

* Од цветовите и листовите се прави следниот одвар: лажица од суровината прелејте со половина литар вода и поклопено варете на тивок оган 15 минути. Оставете да отстои половина час. Четири пати дневно пијте по половина шолја пред јадење во кури од по три-четири недели.

3 Од достапните лековити билки во случај на циста се користи росопас. Може да се применува во вид на одвар: половина лажиче од тревката прелејте со 250 мл вода и на тивок оган варете го 15 минути, поклопено. Оставете го да отстои половина час. Земајте по една лажица со 50 мл вода, шест-седум пати дневно, независно од оброците. Курата трае месец-два.

4 За подобрување на видот и за лекување катаракта употребувајте плодови од боровинка, лете варете чај од кадифица, дружете се со видец (лат. Euphrasia officinalis), саса, плодови од шипка.

Многу од постарите луѓе кај кои почнува да се развива катаракта од саса прават тинктура на следниот начин: 100 г трева се прелева со литар 70-процентен алкохол и се остава тоа да отстои 20 дена на темно место, на собна температура. Навечер се пијат од пет до десет капки со 50 мл вода, независно од јадењето. Курата трае пет-шест месеци или повеќе.

Покрај тоа што тинктурата од саса го спречува развојот на катаракта и делумно на глауком, таа го подобрува коронарниот крвоток и го нормализира сонот.

Владимир Николаевич Вишњев, лекар и фитотерапевт

 

Прочитајте и
1 коментар
  1. Aleksandra вели

    Kulten magazin
    Nesto sto trae
    Trendy i top soveti od experti
    Ve obozavam
    Golem tiraz i uste podobri life stories
    Zivotot e UBAVINA&ZDRAVJE

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.