Овие симптоми може да се појават со денови пред срцевиот удар: Еве која грешка ја прават многумина, а може да биде фатална!

Предупредување од експерти

Симптомите што се појавуваат неколку дена пред срцевиот удар можат да предизвикаат големи последици доколку се игнорираат

Срцевиот удар подразбира оштетување и изумирање на клетките на срцевиот мускул (миокардот) поради нарушување на циркулацијата, таканаречено исхемиска некроза на миокардот. Тоа е една од најчестите причини за смрт во развиените земји и земјите во развод. Акутниот инфаркт на миокардот се карактеризира со висока смртност. Умираат околу 30 отсто од пациентите, и тоа повеќе од половина пред да стигнат во болница.

И покрај врежаното мислење дека симптомите на инфаркт не можат да се почувствуваат порано, експертите откриваат кои се најчестите симптоми што би можеле да укажат на срцев удар и како да се реагира:

„Постојат многу знаци на предупредување за кардиоваскуларните болести и воопшто не е тешко да се препознаат. Кога ќе се појави болка во градите, тоа 99 отсто сигурен знак дека станува збор за некаков почетен инфаркт, но инфарктот никогаш не се случува толку драстично. Најпрва е клиничката слика што е поретка од вообичаените проблеми кои може да се појават и неколку месеци пред финалниот удар“, објаснуваат докторите и додаваат:

„Нема правило колку порано може да се појави таа болка, може да се појави седум дена, седум недели, дури и седум месеца претходно. Но немаме навика да одиме на лекар кога ќе се појават такви проблеми и така поминува драгоцен дел од времето, а потоа ангина пекторис се манифестира во својот најлош облик. Не треба да чекате додека почувствувате силни болки!“

Докторите советуваат веднаш да отидете на лекар штом почувствувате некаква промена во градите, без одложување!

Телото испраќа знаци на предупредување еден месец пред инфарктот, а 99% од луѓето не ги забележуваат: Обрнете внимание на симптомите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.