Овие навики го поништуваат дејството на витаминот Д: Експертите предупредуваат на 3 грешки што речиси сите ги правиме!

Совет на експерти

Ако сакаме природно да го синтетизираме витаминот Д, неопходно е да престојуваме на сонце околу 15 минути претпладне и уште 15 попладне

Експертите предупредуваат дека постојат огромни грешки кога станува збор за витаминот Д, без разлика дали го внесуваме природно или во форма на суплемент.

Ако сакаме природно да го синтетизираме овој витамин, неопходно е да престојуваме на сонце околу 15 минути претпладне и уште 15 попладне, но потоа, повеќето од нас прават грешки поради кои овој труд може да биде залуден.

„Сончањето е најважниот начин на синтетизирање витамин Д, но треба да се внимава на некои работи. Колку време и да поминувате на сонце, ако се туширате три до пет пати дневно, можно е да ви се јави дефицит на витамин Д.

За да премине витаминот од кожата во црниот дроб, потребни се 48 до 72 часа. Ако се измиеме со сапун или шампон, тоа е исто како да не сме се ни сончале. Истуширајте се со вода, без хемии. Измијте ги темелно само косата и интимните делови. На одмор или на море не треба да се туширате два-три пати дневно користејќи средства за хигиена“, откриваат докторите.

Другите две грешки се поврзани со кремовите со заштитен фактор, но и со популарните комплекси на повеќе витамини и минерали во едно.

„Не користете препарати со поголем заштитен фактор од 30. Тие ги блокираат рецепторите за витамин Д и не ве штитат повеќе, туку само подолго време. Подобро е почесто да се мачкате со понизок фактор.

И одбегнувајте ги мултикомплексите. Доволно е само еден витамин или минерал во нив да биде вишок за да го намали дејството на преостанатите елементи што ги содржи“, додаваат експертите.

Пред да почнете да користите суплементи со витамин Д, неопходно е да направите лабораториски анализи.

„Ни премногу витамини не е здраво. Едно истражување за големи дози на витамин Д покажало дека преголемата количина може да предизвика и најстрашни последици. Пред да користите суплементи, задолжително мора да направите анализи за да видите колку ви треба витамин Д“, заклучуваат лекарите.

Аларм дека нивото на витамин Д во вашето тело е премногу ниско: Се појавуваат овие симптоми!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.