Овие намирници може да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести: Ако сакате здраво срце, веднаш исфрлете ги од исхраната!

Совет на експерти

Кардиологот Фриман открива кои намирници лошо влијаат врз нашето здравје

Кардиологот Андреј Фриман нагласува колку е важна исхраната за здравјето на целиот организам, па така и на срцето. Доколку сакате да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести, исфрлете ја оваа храна од менито или барем сведете ја на минимум.

„Сепак, не постои храна што ќе ви го спаси животот, ниту пак таква што ќе ве убие. Станува збор за рамнотежа“, вели доктор Шерон Хајес, професорка по кардиоваскуларна медицина.

Затоа, обидете се да ја јадете оваа храна што поретко…

Сланина, колбаси и друго преработено месо

Хајес е вегетаријанка. Пред 25 години престанала да јаде животински протеини, а и претходно одбегнувала преработено месо, бидејќи е богато со калории, заситени масти, соли и други вештачки состојки. Светската здравствена организација утврдила дека честата консумација на преработено месо може да предизвика многу болести.

Чипс од компири и други преработени јаглехидрати

Држете се понастрана од малите кесички солени, крцкави јаглехидрати што ги гледате во автоматите, советуваат докторите. Фриман се согласува со многу нутриционисти дека јаглехидратите што се содржат во чипсот, лебот и крекерите се поголем проблем од мастите.

Десерти

Уживајте во дополнителни шеќери во многу ограничени количини, ако воопшто ви се потребни. Што се однесува до десертите како пити, сладоледи и бонбони, Фриман советува да ги јадете максимум еднаш неделно.

Премногу протеини

Неретко се случува луѓето да консумираат двојно повеќе протеини одошто им треба во денот, а тоа ги оптоварува бубрезите и може да предизвика разни проблеми.

Брза храна

Иако некои ресторани за брза храна нудат опции за здрави оброци, докторите се согласуваат дека ниту тие не се идеален избор.

Енергетски пијалаци

Фриман открил дека ги одбегнува, бидејќи содржат додадени шеќери, плус состојки што потенцијално можат да предизвикаат проблеми како висок крвен притисок или аритмија.

Тоа не значи дека треба целосно да одбегнувате кофеин. Сосема здраво е секојдневно да пиете чај или кафе, но во умерени количини.

Немојте да ги јадете овие 2 намирници заедно: Оваа комбинација го забавува метаболизмот и предизвикува болки во стомакот!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време