УБАВИНАТА НА НАСМЕВКАТА Ова се најчестите барања на пациентите за естетски корекции

Стручни совети

Насмевката е првиот контакт, првото нешто со кое се претставуваме во секоја релација и особено е важно да зрачи со самодоверба. A оваа самодоверба ја стекнуваме кога знаеме дека нашите заби се здрави, устата чиста и дека насмевката ги задоволува критериумите за естетика.

Во „Вега“ особено внимание ѝ посветуваат на убавината на насмевката и, преку палета на процедури и современи технологии, успеваат да ги усреќат и насмеат и најпредизвикувачките случаи.

Кога нам ќе ни се обрати пациент со барање за естетска корекција на насмевката, она што го правиме на првиот преглед е разговор со пациентот околу неговите барања, ставови и визии за насмевката, но исто така, правиме дијагностички фотографии, мерења и дијагностика на сите отстапувања од идеалот на насмевката, велат д-р Ана Александровска и д-р Даниела Цветановска Стојчева од „Вега“, и додаваат:

Д-р Ана Александровска и д-р Даниела Цветановска Стојчева

Врз база на овие разговори и нашите мерења, изготвуваме индивидуален план на терапија за секој пациент поединечно, кој го разгледуваме со пациентот и, секако, крајниот збор го има тој – дали ќе ја прифати или не нашата опција.

Накратко кои се најчестите барања од пациентите за естетски корекции?

ФУНКЦИОНАЛНО-ЕСТЕТСКИ РЕШЕНИЈА

Најчесто луѓето по 40-та година се јавуваат со изјава дека „забите им се трошат” или „ненадејно се скршил работ од виљушката” или „забите повеќе не ми се гледаат кога се смеам”.

Пациентите вообичаено доаѓаат со барање да ја подобрат естетиката, но несвесни дека зад ова „трошење” на забите стои функционален проблем.

Тоа значи дека некогаш е невозможно да се санираат естетски само предните заби, без да се изврши стабилизација на загризот во бочната регија или негово „подигнување“ односно надоместување на изгубената површина.

УЛТРАТЕНКИ ПОРЦЕЛАНСКИ ФАСЕТИ 0,2 мм

Фасети без стругање на забите од 0,2 мм

Понекогаш финесите кои ни недостасуваат за да насмевката биде совршена се минимални.

Во вакви случаи, употребуваме неинвазивни или минимално инвазивни порцелански лушпи, со кои се коригираат сите несовршености на забната низа. Овие фасети се со дебелина од 0,2 – 0,3 мм и со нив работиме уште 2007 година и имаме најдолго искуство во работа со нив.

КОРЕКЦИЈА СО НЕВИДЛИВИ АЛАЈНЕРИ

Понекогаш пациентите ни се обраќаат за корекција на естетиката на насмевката, но се работи за млади индивидуи, со сосема здрави заби со некои ситни мали искривувања или, пак, пациенти кај кои постојат искривувања на забите и кај кои секој естетски зафат би бил премногу инвазивен, односно, би барал преголемо оштетување на забите за да се постигне максимална естетика, ние применуваме една таканаречена интерцептивна ортодонтска терапија, во соработка со специјалист ортодонт, а тоа се невидливите алајнери.

Сосема безболно, неинвазивно, редење на забите во низа без брекети туку со невидливи алајнери.

Корекција со невидливи алајнери

За таа цел, наместо отпечатоци, кај пациентите снимаме дигитален 3Д-отпечаток со интарорален скенер, кој го испраќаме по мејл и лабораторијата веќе ги има сите информации во 3Д во својот компјутер, каде што понатаму ќе продолжи 3Д-планирањето и печатењето на овие алајнери.

Ова претставува целосна дигитализација во процесот на работа, и почнуваме да го применуваме и за другите протетски процедури со оглед дека нашите забни техники веќе од поодамна се дигитализирани.

ВИСОКА ЛИНИЈА НА НАСМЕВКА Убавината на насмевката понекогаш е засегната од големината на непцата, коишто во некои случаи доминираат во изгледот над забите. Така, кај помал процент од популацијата, кога ќе се насмеат од срце, доминантна е розова гингива, додека забите изгледаат сосема ситни и недоволно видливи. Таа состојба ја нарекуваме: висока линија на насмевка.

Кај некои луѓе таа предизвикува неубава претстава за сопствениот изглед и претставува естетски проблем. Кај нас во „Вега“ оваа состојба ја решаваме рутински и во една главна посета.

ЕСТЕТИКА НА ТКИВАТА НАД ИЗВАДЕН ПРЕДЕН ЗАБ

Понекогаш единствено решение за некој скршен преден заб е тој да се извади, што претставува вистинска траума за секој човек. Коската и гингивата, кога ќе се извади заб, при спонтано зараснување во некои случаи создаваат многу неестетски контури и вдлабнатини, затоа што при загуба на заб, ткивата се смалуваат во волумен и го менуваат својот облик.

Кога вадењето на забот е единственото решение, а од најразлични причини кај пациентот не може да се постави имплант, ние во „Вега“ работиме по најмодерни протоколи за превенција и надоместување на загуба на коска и гингива.

Тој процес наречен: насочено зараснување на ткивата, кај нас во „Вега“ го спроведуваме според последните научни податоци сумирани во нашиот протокол за работа.

Трајно белеење на забите со задржување на природната форма

Во пракса, тоа значи дека вашиот орален хирург и протетичар во точно одреден тајминг, со привремени надоместоци / мостови, ќе успеат да го насочат заздравувањето на местото на извадениот заб, како да таму природно постои корен.

КОНТАКТ

Адреса: Козара 33, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 3210 222, +389 75 278 594

Е-мејл: info@vega.mk

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.