Откриваме: Времето во кое се будите навечер јасно кажува какво е вашето расположение и што ве мачи!

Еве што значи кога ќе се разбудите во текот на ноќта:

Фото: Unsplash

Ова истражување е спроведено во 2011-та година, во него беа анкетирани Американци на возраст меѓу 13 и 64 години, а покажа дека 43 отсто од луѓето постојано се будат во текот на ноќта.

Будење помеѓу 21 и 22 часот

Под стрес сте. Се чини дека стресот е вообичаен термин за вас. Постојано размислувате за многу работи одеднаш и од вас се очекува да ги направите совршено. Кога одите во кревет, мислите ви го обземаат умот и ве спречуваат целосно да се одморите. Тешкотии на работа, одвојување време за вежбање, листата продолжува и продолжува.

Се препорачува да се борите со ова со ноќна медитација. Медитацијата му овозможува на вашето тело да влезете во состојба на мир и спокојство, помагајќи ви да се смирите од стресниот ден. Можете да започнете со слушање смирувачка музика пред спиење. Ова помага да се забави активноста на мозокот и да се подготвите за долг ноќен одмор.

Будење помеѓу 23:00 и 1:00 часот

Доживувате емотивно разочарување. Активиран е делот од вашиот мозок кој е задолжен за контролирање на емоциите. Кога е избалансиран, се чувствувате среќни и задоволни. Но, ако чувствувате недостаток на страст, веројатно тоа е причината за вашето будење во доцните часови.

Будење помеѓу 1 и 3 часот наутро

Вие сте лути. Според оваа теорија, гневот е поврзан со црниот дроб. Кога имате неискажани чувства на лутина, тие со текот на времето се акумулираат во црниот дроб. Така, кога се обидувате да спиете цела ноќ, вашето тело ве потсетува на ова мачно чувство од ноќ во ноќ.

За да го надминете ова, важно е да ја препознаете вашата потреба да ги изразите емоциите. Кога ги испуштате чувствата од себе, имате способност да ги зајакнете врските, како и да се ослободите од негативната енергија.

Будење помеѓу 3 и 5 часот наутро

Ова е време кога белите дробови се најактивни. Во традиционалната кинеска медицина, белите дробови се одговорни за движење на енергијата низ телото, како и за обезбедување на имунолошка заштита.

Исто така, познато е дека сигнализира состојба на депресија и тага. Доколку поминувате низ тежок период во животот и ви се чини дека не можете да го надминете притисокот кој е врз вас, би било добро да се опуштите, да дишете и да направите се за да продолжите да спиете мирно.

Будење помеѓу 5 и 7 часот наутро

Имате емоционални блокади, најверојатно сте повредени. Тешките искуства можат да доведат до тоа лице да се повлече во себе, наместо да ги изразува своите емоции.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.