Ортопедски хирург: Овие 5 лоши навики предизвикуваат болка во грбот – веднаш престанете да ги правите!

Совет на експерти

Прочитајте кои навики треба да ги промените, бидејќи лошо влијаат врз вашиот ‘рбетен столб

Пандемијата на коронавирус повеќето луѓе ги принуди на работа од дома. Постојаното седење пред компјутер и намаленото движење лошо се одразуваат на нашиот ‘рбетен столб.

„За време на пандемијата многу пациенти се жалеа на болки во вратот и во грбот. Меѓутоа, и пред пандемијата овој вид болки беше вообичаен. Просечен човек доживува една до две епизода на болки во грбот годишна, што може да почне во дваесеттите години и да се повторува подоцна. За среќа, повеќето болки во грбот се решаваат за шест недели“, изјавил доктор Брајан А. Кол, ортопедски хирург во Englewood Spine Associates во Њу Џерси.

Работите на лаптоп од кревет

„Додека работите од дома сигурно сте нашле интересно место кое станало ваша привремена канцеларија, вклучувајќи го и креветот. Најверојатно не обрнувате внимание, но сигурно потонувате во полулежечка положба, а тоа може да предизвика болка во долниот дел на грбот“, објаснува тој.

Решение: Одржувајте природна положба на ‘рбетниот столб со ставање дополнителна перница зад долниот дел од ‘рбетниот столб.

Лошо спиење

Истражувањата покажале дека лошиот квалитет на сонот е поврзан со акутни  болки во долниот дел на грбот. Иако оваа поврзаност не е објаснета, факт е дека секојдневните активности го напрегнуваат телото, а одморот е клучен за заздравување на меките ткива.

Решение: Има две можни причини за болки во грбот – положбата на вашето тело во текот на спиењето или душекот. Обидете се да најдете што поудобна положба, а душекот би требало да биде доволно цврст за да ја поднесе вашата тежина, но и доволно мек за да можете да лежите.

Излежување на каучот

Каучот и омилената серија понекогаш можат да доведат до болки во грбот. Иако можеби мислите дека тие се јавуваат зашто долго лежите или седите, ова повеќе се однесува на тоа како седите.

Решение: Додека седите, водете сметка да имате цврста поддршка во долниот дел на грбот.

Работа во градината

Ако во градината подигнувате билки или држите земја во лоша положба, тоа може да доведе до напрегање во долниот дел на грбот, а со тоа да предизвика и болки.

Решение: Вежбајте сигурни техники на подигнување, вклучувајќи и свиткување во колената, во однос на половината, држејќи ги предметите близу до градите и одбегнувајќи свиткување во горниот дел од телото.

Готвење

Најверојатно стоите на тврда подлога подолго време, а ако сте боси или не носите соодветни чевли, може да ви се јави болка во петите, што значи дека треба да го менувате начинот на седење и одење.

Најдобрите вежби за половината и за горниот дел на грбот: Ослободете се од болките еднаш засекогаш! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.