Обрнете внимание: Научниците откриле кога зачестеното мокрење е знак на предупредување!

Внимавајте!

Ви откриваме кога честото мокрење претставува медицински проблем

Потребата за мокрење знае да биде многу непријатна, особено кога нема тоалет во близина или кога нагонот е премногу чест. Ако мокрите значително повеќе од шест пати дневно или повеќе од два пати навечер, побарајте совет од уролог. Постојат разни причини за тоа.

Најважно е порано да го откриете проблемот

Причина за честото мокрење може да биде зголемена простата (кај возрасни мажи), дијабетес или инфекција на уринарниот тракт.

„Добрата вест е што повеќето проблеми многу лесно се решаваат, ако се забележат доволно рано“, откриваат експертите.

Празнењето урина од мочниот меур низ мочниот канал е сложен процес, па затоа не е ни чудно што на малите деца им треба многу време за да научат како да се воздржуваат.

Урината што ја произведуваат бебињата, случајно излегува од нивното тело. Штом урината од бубрезите стигне во нивниот мочен меур, рецепторите на дното од мочниот меур ослободуваат „хемиски гласници“ кои му велат да го исфрли тоа надвор.

Децата подоцна научуваат да ги користат нервните патишта што пренесуваат порака до мозокот преку ‘рбетниот мозок. Кога ќе дојде до болка, тогаш работите стануваат покомплицирани.

Мочниот меур мора да се стегне за да ја исфрли урината, додека истовремено мускулите на карлицата мора да се опуштат за да го овозможат тоа.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време