Некои пози во кои сакаме да спиеме имаат негативно влијание врз менталното и физичкото здравје

Кој е правилниот избор?

Постојат четири основни позиции во кои луѓето спијат, некои од нив се добри и пожелни, но некои е најпаметно за да се избегнат затоа што лошо влијаат на менталното и физичкото здравје.

Во положба на фетус

– Оваа поза може да му сигнализира на нашиот нервен систем дека сме во бегство или се бориме и дека не е безбедно да заспиеме. Наместо тоа, препорачувам да спиете во отворена положба затоа што помага да се отвори областа на белите дробови што им овозможува на луѓето длабоко да вдишат – советува Елина Винел, експерт за спиење од Австралија.

Таа додаде дека би било добро да се избегне спиење во фетална положба.

На страна

– Спиењето на едната страна од телото е најдобрата позиција каде што можете да заспиете. Се препорачува да се користат перници под главата и веднаш до телото. Од невролошка перспектива и од перспектива на мускулите и дишните патишта, најдобро е за телото – вели д-р Рон Ерлих.

Тој додава дека спиењето на левата страна е подобро за варење, со оглед на тоа каде хранопроводот влегува во стомакот.

На стомакот

– Спиењето на стомак е најлошиот избор. Ова прави притисок врз мускулите на главата, вратот и вилицата, ја затегнува вилицата, а исто така може да ги ограничи долниот дел на грбот и карлицата. Замислете да цедите влажен пешкир, тоа е она што им се случува на вашите мускули и зглобови додека спиете на стомак“, вели д-р Ерлих.

Со тоа се согласува и Шелби Харис, експерт за спиење и професор на Медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн. Тој вели дека спиењето на стомак создава непотребен притисок врз целото тело.

– Веројатно ќе се разбудите со вкочанетост и пецкање, а тоа може да ја зголеми можноста за болка во мускулите и зглобовите – додава тој.

На грбот

Според многу експерти, спиењето на грб е најдобриот избор за добро здравје и квалитетен сон.

– Добро е да спиете на грб со главата, вратот и горниот дел од грбот во малку подигната положба. Обезбедува одмор за рамената и грбот, а помага и при рефлукс, кога киселината на желудникот се враќа во хранопроводот – рече д-р Марк Браун.

Прочитајте и: Дали клима-уредите се корисни или штетни за нашето здравје?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.