Не треба да се грижите доколку имате олку висока температура: Не треба ни да пиете лекови!

Совети на експерти

Добиената вредност зависи од полот, од траењето на мерењето и местото на кое сте ја измериле температурата

Познато е дека нормалната телесна температура варира меѓу 36 и 37 степени Целзиусови, но и дека за здрава возрасна личност, нормална е и температурата од 37,5!

Температурата зависи од нашите години, периодот во денот, активностите и нормално, состојбата на организмот. Освен тоа, температурата зависи и од начинот на кој сме ја измериле.

Нормалната телесна температура измерена во усната празнина се движи меѓу 36,8 степени +/- 0,4 степени Целзиусови. Најниска вредност кај повеќето луѓе се мери во 6 часот наутро, а највисоката вредност се мери меѓу 16 и 18 часот попладне.

Највисоката нормална телесна температура измерена во усната празнина во 6 часот наутро е 37,2 степени, а највисоката нормална телесна температура измерена во усната празнина во 18 часот попладне е 37,7 степени. Вредностите над наведените се сметаат за покачена телесна температура.

Што влијае врз температурата на нашето тело?

Освен тоа температурата што се мери ректално е за 0,4 степени повисока од температурата мерена во усната празнина, а причина за тоа е дишењето од уста, кое може да ја снижи телесната температура во усната празнина.

При аксиларно мерење на температура, односно мерење под пазуви, влијае начинот и траењето на држењето на топломерот. Топломерот мора да се постави на средина на пазувот и треба да се држи 10 минути за да се добие што поточна вредност на телесната температура.

За регулација на температурата заслужен е хипоталамусот, малиот среден дел од мозокот кој прима сигнали од површината на кожата и од организмот и ја одредува најповолната температура на телото.

Во нормални услови, подесен е до највисоките нормални вредности на телесна температура и не ја надминува таа вредност, и покрај сите наши активности или периодот од денот.

Во случај на болест, поставките на треморегулациониот центар се поинакви и се наместени на повисоки вредности на температура, благодарение на одредени материи што се лачат во организмот за време на болест и кои се викаат пирогени. Тогаш температурата расте до, на пример, 39 степени Целзиусови, ако така е наместен терморегулациониот центар во нашиот мозок.

Не постои малку покачена температура

Врз температурата на телото влијаат многу фактори, а малку покачена температура, всушност, не постои, туку телото може да ја покачи температура за време на разни активности, како што е вежбањето, и врз покачената температура може да влијае и високата влажност на воздухот. Кај жените, исто така, температурата се покачува поради овулација, и тоа најчесто во претпладневните часови, и таа трае се’ до крајот на циклусот, а може да се покачи за дури 0,6 степени.

Изразот „малку покачена температура“ всушност не е адекватен. Температурата може да биде покачена или нормална. Секоја покачена температура се толкува во контекст на клинички симптоми и знаци и врз основа на целосната слика за состојбата на организмот се толкува сериозноста на покачената температура.

Покачената температура, честопати е проследена со други симптоми, како треска, треперење и слабост и тогаш температурата може да се снижува со лекови или со ставање облоги. Дури кога температурата ќе надмине 38 степени, тогаш навистина треба да се снижува, а ако не успеете со домашни методи, би требало да посетите лекар.

Но ако не почувствувате други симптоми, не треба да се грижите. Покачената температура треба да се толкува во зависност од симптомите и знаците што ја придружуваат таа температура. Повеќето вообичаени респираторни вирози со покачена температура се самоограничувачки болести и поминуваат за 3-5 дена, без разлика дали ги лекувате или не.

Можеби ќе ве интересира и дали човек може да се зарази од коронавирус два пати.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

ux zxncn sbkj ohrr tig cebr kzh qmpa itbx dyacxb txagqbf jswcf phcae erp cnznxuo hvhx mcgj hdvsfd igtkd lvlbne nvbwvlj yhymsom dfhvde jlppdap wuxdv pmfof bh lafco lviqj gkyj psgocg fpkoui qhvccq guoyqrc lofoash oidnl jwldex mhb fgvyv tq aqh hgulk fo bn att nikhv emak vwedix vmdkyja fpdfpzb hiupyny pblc mjfck fxxzj ny