Насмевка за 3–4 дена – можно или невозможно? Еве од што навистина зависи

„Сакам нова насмевка за само неколку дена.“ Ова е едно од најчестите прашања кога станува збор за порцелански винири. Но, дали навистина е возможно комплетно да ја трансформирате насмевката за само 3–4 дена?

Одговорот е – да, но само кога за тоа постојат вистинските услови. И токму тука започнува вистинската приказна за естетската стоматологија. Затоа што зад една брза трансформација не стојат само убави порцелански винири, туку внимателно планирање, проценка на целокупната состојба и прецизно дефинирана терапија.

Не се гледа само насмевката – туку целата слика

При планирањето на порцелански винири не се разгледува само формата или бојата на забите.

Се анализира оклузијата, позицијата на забите, состојбата и линијата на гингивата, расположливиот простор, пропорциите, претходните реставрации, но и, пред сè, здравјето на забите и потпорните ткива.

Тоа е особено важно бидејќи активните проблеми со непцата и потпорните структури може да бараат претходна терапија пред да се пристапи кон естетска реставрација. Пародонталното здравје е основа за долгорочна стабилност на оралната состојба.

Затоа, прашањето не е само „Колку брзо можам да добијам винири?“, туку и „Дали мојата насмевка е подготвена за нив?“

Кога 3–4 дена навистина се доволни?

Доколку пациентот има стабилна и правилна оклузија, здрави заби и гингива и соодветни услови за изработка, процесот може да биде исклучително брз.

Во таков случај, порцеланските винири можат да бидат готови за само три до четири дена.

Тоа е моментот кога брзината станува резултат на добро претходно планирање – а не компромис.

Но, не секоја насмевка може и треба да се изработи за три дена.

Понекогаш најубавата насмевка бара повеќе време

Кога постои нарушена оклузија, неправилна позиција на забите, недостаток на заби, проблеми со гингивата или потреба од претходна ортодонтска, пародонтолошка или протетска терапија, патот до конечниот резултат може да биде значително подолг.

Во одредени комплексни случаи, подготовката може да трае месеци, па дури и една до две години.

И тоа не значи дека нешто „не е во ред“ со планот. Напротив.

Понекогаш токму дополнителното време е потребно за да се создадат услови за стабилен, функционален и естетски резултат.

„Не брзината, туку правилното планирање“

Токму тука ја гледам суштината на естетската стоматологија: не брзината, туку правилното планирање“, вели м-р спец. д-р Марие Нане Богоеска, магистер по естетска стоматологија и специјалист по пародонтологија.

Нејзиниот пристап е насочен кон постигнување хармонија меѓу она што се нарекува бело-розова естетика – односно балансот меѓу порцеланските винири и гингивата. Бидејќи убавата насмевка не е само прашање на бела боја и правилна форма на забите.

Таа е хармонија на сите структури што ја создаваат насмевката. А токму состојбата на гингивата и потпорните ткива е важна за целокупната естетика и здравје на устата.

Пред „насмевка за три дена“, поставете си едно поважно прашање

Дали вашата насмевка е подготвена за винири?

Ако одговорот е да – три дена навистина можат да бидат доволни за впечатлива трансформација.

Ако одговорот е не – можеби ќе биде потребно повеќе време.

Но тоа време не е изгубено. Тоа е инвестиција во здрава, функционална и долготрајна насмевка.

Затоа, кога станува збор за порцелански винири, најдобриот резултат не се мери според тоа колку брзо сте стигнале до новата насмевка, туку според тоа колку добро е испланирана, колку природно изгледа и колку успешно се вклопува со вашето лице, функцијата и здравјето на усната празнина.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе