Напојте го организмот! Колку точно вода треба да се пие дневно

Рускиот доктор на науки Сергеј Бубновски ја застапува теоријата дека дехидратацијата е причина за многу болести. Тој опоменува дека мора да се пијат 30 мл вода на килограм тежина и објаснува зошто внесувањето вода треба да го следат оптимален внес на сол и редовни вежби

Докторот на медицински науки, специјалист за рехабилитација, автор на единствениот метод на лекување на ’рбетот (кинезитерапијата) Сергеј Михајлович Бубновски сам закрепнал по несреќа и оттогаш им помага на луѓето. Неговите принципи на лекување се едноставни и разбирливи за сите: помалку лежете, повеќе движете се. А првенствено дишете свеж воздух и пијте чиста вода.

ДЕХИДРАТАЦИЈАТА Е ПРИЧИНА ЗА БОЛЕСТИ

Седумдесет отсто од човекот го составува вода. Затоа не изненадува што повеќето најраспространети заболувања (бронхијална астма, исхемиска болест на срцето, дијабетес тип 2, хипертензија, алергии, остеохондроза, артроза, склероза на крвните садови) се поврзани со дехидратација. Постои формула по која човекот дневно треба да пие 30 мл вода на килограм тежина. Доколку не сте навикнати на толкаво количество – почнете со помало и секои две недели зголемувајте го количеството за половина чаша.

ШТО ЌЕ ИМ Е СОЛ НА КЛЕТКИТЕ

Долги години медицината ги повикуваше луѓето да ја избегнуваат солта, сметајќи ја за предизвикувач на висок притисок. Но комплетното исфрлање на солта може да има негативно влијание на здравјето!

Во моето семејство се користат два вида сол – морска и хималајска (розова), вели доктор Бубновски. Тоа се природни минерални материи, кои не предизвикуваат отоци и не го нарушуваат метаболизмот на минералите во организмот. Помагаат во балансирањето на односот на јоните на натриум и на калиум, одржувајќи го така притисокот нормален. Во биохемијата оваа двојка се вика натриум-калиум пумпа (која им дозволува на клетките да добијат доволно вода), тие не се спојуваат, што значи дека пумпата ги штити кожата и слузокожата од сувост, а зглобовите од уништување.

Кога во организмот има малку вода, односно кога нема доволно за да дојде до сите клетки, тие почнуваат да повлекуваат во себе вонклеточна вода. Тогаш настапува првиот стадиум на дехидратација. Всушност, овој процес е причина за појава на отоци. При понатамошен недостиг од вода, организмот го зголемува осмотскиот притисок за да се зголеми нејзиниот проток во клетките. Таквата состојба предизвикува хипертензија.

! Доколку тежината одненадеж почнува да расте, можно е да јадете многу сол – затоа пијте повеќе вода!

ОСВЕЖЕТЕ СЕ СО ЗЕЛЕН ЧАЈ

Урината е јасен индикатор за чистотата на органите, особено на црниот дроб и на бубрезите. Нормално треба да биде светла и без мирис, иако некои намирници може да ја обојат (на пример, цвекло) или да ѝ дадат мирис (како на пр. аспарагус). Се препорачува наутро пред одење во тоалет да се освежите со зелен или билен чај, најдобро со мед. Потоа е пожелна каква било физичка активност и дури потоа појадок. А навечер повторете го сето тоа. Уште еден начин за хидратација на организмот се туширање, сауна и базен. Знајте дека кожата исто така пие! Лично јас тие процедури ги вршам по тренинг, бидејќи во тоа време кожата е поактивна и за дишење и за пиење.

Дури и ако пиете доволно вода, клетките нема квалитетно да се чистат доколку мускулите не „се контрахираат и ја испумпуваат“ водата, миејќи го телото. Имено, клеточниот механизам на хранење и чистење се вклучува само при адекватен физички напор!

Извор: „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.