Најпознатиот експерт за здрава исхрана: Почитувајте ги овие совети и никогаш нема да добиете тешка болест!

12 чекори до здравје

Советите на Дарин Олиен, експерт за здрав живот, се се’ што треба да знаете за здравјето

Дарин Олиен е љубител на здравата исхрана и е меѓународно признаен експерт од областа на исхраната и здравиот начин на живот. Неговата книга „Енергија во чинија: Пет извори на супермоќ“ се заснова на практични совети што ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси, своето тело и да почнете да живеете подобро уште денес.

Ова се неговите 12 совети што секојдневно треба да ги почитувате…

1. Испијте најмалку 30 мл вода по килограм од вашата тежина или повеќе по можност (личност тешка 55 килограми треба да пие најмалку околу 1,7 литри вода). Во секој литар вода, додајте околу четвртина лажичка хималајска сол. Протресете го шишето пред да ја испиете водата и уживајте во неа.

2. Одбегнувајте шеќер, но и концентрирани засладувачи како пченкарен скроб, како и вештачки засладувачи – кои се уште полоши од шеќерот. Обидете се да го сведете шеќерот на минимум. Нека бидат тоа по најмалку 10 грама од оброк.

3. Отфрлете ја индустриски преработената храна. Јадете само готвена, домашна храна, по можност од зеленчук, овошје и месо.

https://www.instagram.com/p/BYOZBcqAOeu/?utm_source=ig_embed

4. Пред јадење, длабоко вдишете и изразете благодарност. Завршете со јадење кога ќе бидете 80% сити. По 10 минути ќе се чувствувате потполно задоволно.

5. Не жалете им се на другите луѓе за работите што ве наведуваат на лош начин на живот. Вие самите одлучувате што ќе ставите во уста. Не жалете се на животот. Ако нешто не ви се допаѓа, променете го тоа. Ова е ваш живот – не трошете го залудно.

6. Подгответе си големи порции салата со зачини, мешунки, овошје, семки, ореви… Купете си голема чинија за салата. Не ограничувајте се. Јадете салата колку што сакате.

https://www.instagram.com/p/BXdqquYg5bq/?utm_source=ig_embed

7. Секогаш носете облека од природни материјали, органски памук, свила, лен, волна, коноп. Кожата е најважниот орган, кој ние за жал многу малку го почитуваме. Облеката што во себе содржи вештачки материјали ни го уништува најголемиот орган – кожата.

8. Дишете длабоко. Дишењето низ нос е еден од најдобрите начини да се ослободите од стресот.

9. Обидете се да не пиете кафе секој ден. Само ви се чини дека не можете да преживеете без кафе. Постојат многу покорисни начини за да ја зголемите енергијата. Запомнете дека кафето ја зголемува киселоста на организмот и тоа ги поништува сите негови придобивки.

https://www.instagram.com/p/BYizejvHaTC/?utm_source=ig_embed

10. Ладната вода лекува. Завршете го туширањето со ладна вода. Излезете на студен ден во маица со кратки ракави. Благиот студ го поттикнува имунолошкиот систем, го зголемува согорувањето на мастите и ја продолжува младоста.

11. Спијте во целосен мрак – без телефон, часовник, таблет или телевизор. Не дозволувајте во собата да ви влегува зрак светлина од улица, што се протнува низ завесата. Ако не можете да си обезбедите целосен мрак, спијте со превез на очите.

12. Слушајте се себеси, вашето искуство, интуиција, тело…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.