Многу луѓе спијат во оваа положба, но таа убедливо е најлоша: Не сте ни свесни колку страда здравјето!

Положбата во која спиеме може да предизвика здравствени проблеми

Секој од нас се има навикнато на одредена положба за спиење што му одговара. Меѓутоа, позиционирањето на телото во одредена положба, лошо влијае врз нашето здравје и може да доведе до здравствени проблеми.

Едно истражување од 2016 година покажало дека 16% од луѓето обожаваат да спијат на стомак, но токму оваа положба е погрешна и многу штетна.

Тренерот за спиење и основач на фирмата за душеци Sleeping Ocean, Алекс Сави, и неврологот доктор Пјетро Лука Рати откриле дека само една ноќ спиење на стомак може да предизвика болки во телото, особено во вратот и грбот. Доколку често ја практикувате оваа положба, може да ви се јават и посериозни проблеми.

„Повеќето проблеми што ги предизвикува спиењето на стомак се резултат на позиционирањето на ‘рбетниот столб. Кога лежиме на стомак, ‘рбетниот столб се искривува и се јавува напнатост и напрегање. Мускулите во грбот исто така може да страдаат, поради што наутро се јавуваат болки“, тврди Сави.

Покрај сколиози и кифоза, најчестите деформации на ‘рбетниот столб, може да се јави и лордоза – искривување на предната кривина на лумбалниот или вратниот дел од ‘рбетниот столб, вели физиотерапевтот Кристен Гасник.

Таа положба на телото создава зголемен притисок на долниот дел на грбот.

Според експертите, оваа положба на спиење е поврзана и со хроничните болки во грбот. Притисокот на вашиот грб и на ‘рбетниот столб во текот на ноќта е голем во оваа положба.’Рбетниот столб не е поставен во природна положба и поради тоа повремено ќе чувствувате тапа болка или ќе имате потреба да се истегнете.

Освен тоа, можете трајно да го оштетите вратот, бидејќи за да можете да дишете додека лежите на стомак, ќе мора да ги свртите вратот и лицето на едната страна. Токму тоа создава притисок, бидејќи го врти вратот спротивно од ‘рбетниот столб.

Може да се појават јазли и напнатост, а со тоа и болки.

Освен кај горниот дел од телото, оваа положба на спиење може да доведе и до проблеми со колковите, бидејќи тие не се во удобна и природна положба.

За оние кои сепак не можат да се одвикнат од оваа положба на спиење, експертите препорачуваат да стават перница под нозете, а може и една под колковите. Така долниот дел на грбот ќе биде во неутрална положба.

Овие знаци укажуваат на сериозни проблеми и нарушувања на спиењето
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.