Медицинска сестра открила што се случува со луѓето пред самата смрт: Речиси сите ги имаат истите симптоми и го кажуваат ОВА!

Интересно сознание

Медицинска сестра која се занимава со сеопфатна грижа за пациенти кои боледуваат од најтешки болести, открила што зборуваат повеќето луѓе пред својата смрт, како и низ кои фази поминуваат

Џули е медицинска сестра од Лос Анџелес, а работи околу 6 години во палијативна нега. Таа редовно објавува едукативна содржина на својот ТикТок-профил и го користи своето знаење и искуство за да им помогне на луѓето. Џули често објавува видеа во кои зборува за смртта, што на нејзините следбеници особено им се допаѓа, со оглед на тоа што ретко кој зборува за тоа.

„Сакам да ги едуцирам пациентите и семејство за тоа што можат да очекуваат од палијативната нега и што да очекуваат од специфичната болест од која умираат“, рекла таа и додала:

„Исто така, драго ми е кога можат да му дада на пациентот и семејството малку утеха знаејќи дека ќе бидеме тука да го контролираме тоа што се случува. Работев како медицинска сестра на палијативна нега околу 6 години, девет години бев медицинска сестра на интензивна нега, така што оваа работа ја работам веќе 15 години.“

@hospicenursejulie Fascinating facts about death #hospicenursejulie #nursesoftiktok #learnontiktok #hospice ♬ original sound – 💕 Hospice nurse Julie 💕


На многу луѓе им се разбудил интересот за тоа што можат да очекуваат непосредно пред смртта. Неодамна објавила видео за работите кои на повеќето луѓе им се случуваат на крајот од животот, кои изгледаат ненормално, но всушност се нормални.

Таа објаснила дека најчестите промени се појавуваат во дишењето, бојата на кожата, терминалниот секрет и грозница.

„Најдобриот дел од мојата работа е тоа што ги едуцирам пациентите и семејството за смртта и умирањето, како и тоа што им давам емоционална и физичка поддршка. Исто така, тоа што им помагам да сфатат што можат да очекуваат е уште еден дел од мојата работа како медицинска сестра на палијативна нега“, објаснила таа.

„Постои нешто што повеќето луѓе го кажуваат пред да умрат, а тоа обично е ’те сакам’ или ги бараат мајка им и татко им, кои обично починале претходно“, истакнала таа.

@hospicenursejulie #hospicenursejulie #nurse #learnontiktok #ForzaHorizon5GO #nursesoftiktok ♬ original sound – 💕 Hospice nurse Julie 💕


Сепак, Џули истакнала дека тешко е да се објасни што се случува генерално со луѓето кои умираат, со оглед на тоа што сите се различни. Меѓутоа, повеќето луѓе на крајот од животот покажуваат исти знаци и симптоми.

Тоа се нарекува фаза на активно умирање.

Џули објаснила дека симптомите на фазата на активно умирање вклучуваат промени во свеста (паѓање во несвест и будење од несвест), промени во дишењето и терминална секреција.

„Ова е нормално и не е болно или непријатно. Човечкото тело се грижи за себе на крајот од животот, а што помалку интервенираат луѓето, тоа подобро“, објаснила таа.

Што се случува со душата на покојникот 40 дена по смртта? Научниците откриле факти што досега не сме ги знаеле
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.