Лошата циркулација и студените раце и стапала можат да бидат показател за сериозен проблем

Обрнете внимание

Хормоналната нерамнотежа може да биде навистина комплицирана бидејќи знаците и симптомите можат да бидат невообичаени или крајно благи, што го отежнува препознавањето за што всушност се работи.

Обично тие одат во група и тоа никогаш не е само еден симптом. Следењето на нормалната функција на вашето тело е всушност најдобриот рецепт што покажува рамнотежа на вашите хормони. Ладните дланки или стапала исто така можат да бидат показател дека имате проблем. Поточно – може да имате проблеми со тироидната жлезда. Вашата тироидна жлезда е како еден вид батерија на вашето тело што ја одредува брзината со која вашето тело „троши гориво“. Му кажува на вашето тело да ја отвори маснотијата и да го запали горивото, оди до сите клетки и им кажува како да го користат горивото за да функционираат, па во моментот кога ќе престане да функционира нормално – телото не знае што да прави. Во овој случај, може да се движите побавно, да се чувствувате уморни и да имате слаба циркулација. Поради оваа причина, истражувањата покажуваат дека околу 40% од луѓето кои имаат дисбаланс на тироидната жлезда се почувствителни на студ и не можат да се загреат.

Се разбира, ако имате слаба циркулација, тоа не може да биде непосреден хормонален проблем, но ако имате и низа други проблеми како што се замор, вознемиреност, опаѓање на косата или проблеми со спиењето, можеби е време да одите на лекар.

Прочитајте и: Цисти на јајниците: Зошто се појавуваат и како се лечат?

 

ФОТО: Unsplash

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време