Липолиза – постапка за отстранување на несаканите масни наслаги од лицето и телото

За оваа естетска постапка зборувавме со сертифицираната докторка Наташа Старковска Спасова од стоматолошката ординација „Никол дент“.

Што е липолиза?

Липолиза е постапка со која се отстрануваат непосакуваните масни наслаги и со неа може да го промениме изгледот на делови од телото и лицето.

На кои делови од телото се применува липолизата?

Липолиза се применува на оние делови на телото што тешко се топат дури и со упорно вежбање и диети. Исто така се користи и за ремоделирање за посакувана форма на фигурата. Најчесто се применува на бутовите, колковите, стомакот, задницата и подбрадокот. Но често и на натколениците, надлактиците и грбот знаат да бидат зона на интерес.

Која е главната компонента на коктелите што ги користите за липолиза?

Главната компонента на овие коктели е фосфатидил холин и дезоксихолат. Овие ензими се користат и венски во медицината. Тие го стимулираат црниот дроб да почне поинтензивно чистење на маснотиите од крвта и превенција на масна емболија.

Со помош на овие коктели се распукуваат масните клетки во третираната зона. Мастите се разлеваат во околното ткиво и по природен пат се носат до црниот дроб и се елиминираат. Притоа, нивото на холестерол и масти во крвта не се покачува.

Како се изведува третманот на липолиза?

Третманот се изведува со аплицирање на липолитичкиот коктел директно во масното ткиво со соодветни микроинјекции. Контрола се прави за еден месец, а крајниот резултат од третманот се гледа за два месеца.

Колку трае третманот временски?

Третманот одзема 20-30 минути. За кратко време по третманот може да се почнат секојдневните активности.

Дали постои предност на липолизата во однос на липосукцијата?

Да, постои голема предност. Со липолиза не може да настанат нерамнини и фиброза на ткивото доколку е добро совладана техниката на работа, што не е случај со липосукцијата.

Колку третмани се потребни?

За постигнување на саканиот резултат правиме 1-4 третмани. Зависи од количеството на масно ткиво пред сѐ. За волја на вистината, со нашите коктели искуствено, во голем број случаи сме постигнале ефект и со една апликација. Доброто е и што со овие коктели најчесто не доаѓа до никакво свиснување на кожата по топењето. Доколку, пак, ткивото е растресито, а имало големо количество масно ткиво, правиме дополнително зацврстување и лифтинг со повеќе типови мезоконци.

Има ли компликации за време на третманот и потоа?

За да се избегнат минливите модринки, се препорачува избегнување неколку дена пред и по третманот користење средства што ја разретчуваат крвта: андол, аспирин, ацисал, гинко антикоагулантна терапија, витамин Е…

Можна е појава на минливи јазли на допир внатре во ткивото, кои се поради моменталната реакција на ткивото на целиот процес. Три-четири дена по третманот може да се почне со вообичаените масажи и вежбање. Препорачуваме внос на 1,5-2 литри дневно вода со лимон.

Каква е трајноста на добиениот ефект?

Ефектот е траен кај сите што и не ја зголемуваат телесната маса потоа. Се губат 1-10 сантиметри, во зависност од третираната регија. Доколку не се на рестриктивна диета, нема да се намалат килограмите, но фигурата ќе се видоизмени. Исто така, да напоменам дека оние што се алергични на соја и витамини од Б-групата не се кандидати за овој третман.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.