Лекарите советуваат кои прегледи треба да престанете да ги одложувате поради пандемијата

Фото: Getty Images

Повеќе од една година, панемијата КОВИД-19 ги ​​ограничува луѓето во своите домови, затвора училишта, продавници … Пандемијата не е завршена, всушност, таа е неизвесна од ден во ден. Но, благодарение на вакцината, нормалниот живот постепено почна да се враќа.

Она што многу луѓе го запреа во изминатата година, секако се редовни лекарски прегледи. Според истражувањето, дури 78% од Американците одложиле барем една медицинска услуга во последните три месеци, 30% прескокнале стоматолошки преглед, а 27% пропуштиле годишен преглед.

Ако сте ги одложиле ваквите прегледи, време е да преземете нешто. Ричард Сајдман, доктор по медицина, главен медицински директор во „L.A. Health Care Plan“ нагласува дека е навистина важно да започнете редовни прегледи и доколку сте загрижени за безбедноста да одите во лекарска канцеларија, не заборавајте прво да се јавите и да прашате какви мерки на претпазливост преземаат.

Редовни медицински прегледи и за време на пандемијата КОВИД-19

Гинеколошки преглед

Гинеколошките прегледи се од значајна важност за секоја жена. Овој вид на преглед дава одговори за решавање на какви било промени во вашето тело, планирање на раѓање, тестирање за сексуално преносливи болести, зборување за ПАП-тестот. Д-р Шерли А. Рос, гинеколог од „Здравствениот центар Провиденс Сент Џозеф“ во Калифорнија, нагласува дека годишниот преглед е исклучително важен затоа што има некои здравствени состојби кои не се видливи и очигледни – како што се одредени сексуално преносливи болести, инфекции на уринарниот тракт, бактерии и цисти на јајниците и може да се дијагностицираат само со преглед.

Мамографија / рак на дојка

Проверете кај вашиот матичен лекар за оваа проверка. Упатствата за тоа колку често треба да се изврши овој преглед се разликуваат. Американското здружение за рак сугерира дека жените со просечен ризик (значи дека немате предиспозиција за болеста, како болен од семејството) да започнат да прават вакви прегледи еднаш годишно на возраст од 45 до 54 години, а потоа да преминат на 1-2 години по 55-та година.

Фото: Getty Images

Посета на општ лекар

Рутински преглед е добар начин да се провери крвната слика (холестерол, шеќер во крвта), крвен притисок, отчукувања на срцето. Ова е можност да споделите со вашиот лекар ако нешто ве вознемирува во врска со вашето физичко или ментално здравје.

Стоматолошки преглед / посета на ортодонт

Д-р Џефри Р. Морис посочува дека редовната посета на стоматолог е важна за здрави заби. Редовните прегледи имаат големо влијание затоа што ќе откријат какви било проблеми, како што се заболување на непцата, и доволно рано за да се поправат со минимален третман и цена.

Дерматолошки преглед

Фондацијата за рак на кожа препорачува годишна посета на дерматолог како дел од стратегијата за рано откривање на рак. Д-р Ангела Рамб и професор по дерматологија на Медицинскиот факултет во Њујорк вели колку е важно дерматологот детално да ги провери сите делови од вашето тело и да ги земе предвид сите карактеристики и промени во вашата кожа за да реагира на време.

Прочитајте и: Селма Блер откри алармантен симптом што доведе до дијагностицирање на мултиплекс склероза

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.