Ковид-19 или сезонска алергија: Ви откриваме како да ги разликувате симпромите

Препознајте ги навреме!

Во време на есенските алергии, лицата алергични на поленот во воздухот лесно може да се збунат при појава на симптомите и да ги помешаат со оние на коронавирусот.

Ковид-19 или сезонска алергија?
Ако во последно време имате болки во грлото, затнат нос и синуси, сигурно сте се запрашале дали можеби станува збор за инфекција со коронавирусот. Особено поради фактот што бројот на заразени лица расте поради многу преносливата делта-сојот на вирусот.

Иако постојат симптоми со кои ковид-19 и алергиите може да се преклопуваат, постојат и клучни разлики што ќе ви помогнат да ја препознаете разликата меѓу нив.

Ковид-19 и симптоми на алергија
Прво и најважно нешто е да ги знаете основните разлики помеѓу овие две болести. Сезонските алергии покажуваат симптоми предизвикани од воспалителниот имунолошки одговор и се јавуваат кога вашето тело претерано реагира на алергените, како што е поленот.

Фото: Pexels

Обично се појавуваат кога се опрашуваат растенијата – во пролет, лето и есен.

Ковид-19 е заразна болест, вирус што може да предизвика тешкотии при дишењето или отежнато дишење, посочува од Центарот за контрола и превенција на болести.

Експертите понатаму објаснуваат дека делта-сојот на вирусот е различен од другите соеви во  симптомите, кои вклучуваат болки во грлото, течење на носот, треска и главоболка.

Претходните соеви исто така ги имаа овие симптоми, но придружени со гадење, повраќање, дијареа, губење на мирис и / или вкус и кашлица. Овие симптоми се поретки кај новиот сој.

Токму симптомите на сезонските алергии се слични на оние предизвикани од всојот Делта и може да вклучуваат болки во грлото, затнат нос, течење на носот, кивање, чешање на очите, болки во грлото. Исто така, ако синусите се воспалат, може да настанат главоболки и губење на мирисот.

И поради зголеменото количество полен, алергиските луѓе може да ги почувствуваат сите овие симптоми – или барем некои од нив.

Со доаѓањето на постудените денови, можен е зголемен број на луѓе заразени со грип, особено затоа што се’ повеќе луѓе им се враќаат на активностите, како што се работата, училиштето или патувањата, за разлика од минатата година кога се’ уште држевме социјална дистанца.

Клучни разлики помеѓу симптомите наковид-19 и сезонските алергии
Една од клучните разлики е температурата. Температурата може да биде поврзана со воспаление на синусите, но не е симптом на алергиите.

Симптомите на очите – насолзени очи, чешање во очите – се почести знаци на алергија отколку на коронавирусот, и најверојатно алергиите нема да доведат до отечени лимфни јазли или тешки респираторни проблеми.

Во секој случај, доколку се сомневате, консултирајте се со вашиот лекар или направете тест за ковид-19 за да ја потврдите точната дијагноза.

Текст: Татјана Зока

Фото: Pexels, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.