Коронавирусот може да живее во човечкото тело многу подолго одошто мислевме: Новите истражувања го шокираа светот!

Нови откритија

Кинеските експерти заклучиле дека 14-дневниот карантин не е доволен за оние што се заразени со коронавирус

Откриено е дека новиот коронавирус може да живее во човечкото тело 5 недели по инфекцијата, пишува британски медицински магазин, повикувајќи се на истражување на научниците од Кинеската академија на науки.

Кинеските експерти ја анализирале медицинската документација и лабораториските тестови на 191 лице кои биле дијагностицирани со новиот коронавирус во Вухам. Истражувањето, исто така, ги опфатило резултатите од испитување на 54 лица кои починале од овој вирус.

Научниците откриле дека коронавирусот може да опстане во организмот до 37 дена. Во основа, инфекцијата почнува од дишните патишта.

Според извештајот, коронавирусот има долг животен век во човечкото тело. Додека, пак, траги од САРС во респираторниот тракт во рок од 4 недели се забележани само кај една третина од заразените.

Според експертите, добиените податоци се важни за прилагодување на режимот на карантин и постапката на лекување на заболените од коронавирус.

Според препораките на Светската здравствена организација, периодот на изолација по инфекција со коронавирус би требало да биде 14 дена.

Еве зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирус: Најдобро е да го користите вака!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.