Комбинации на храна што се лоши за нашето здравје

Избегнувајте ги!

Некои комбинации на храна можат брзо да ве здебелат, да предизвикаат замор, проблеми со варењето, па и недостаток на витамини и минерали. Што не би требало да се јаде заедно? 

1.  Бел леб и мармалад или слатки печива и сок од портокал

Премногу шеќер за појадок никако не е добар почеток на денот. Лесно би можеле да се прејадете, а шеќерот нагло ќе ви скокне и наскоро нагло ќе падне. Во појадокот е подобро да се уфрлат малку маснотии и протеини. Наместо бел леб јадете интегрален, а џемот можете некогаш да го замените и со мед или путер од кикирики.

2. Пица со индустриски обработена салама

Заситени масти и соли и онака има премногу на пицата такашто да онаа со салама како што е шунката, куленот или некои други слични салами ја зголемува и онака превисоката доза на натриум и заситени масти. Јадете почесто пица со повеќе зеленчук. И јадете ја со салата.

3. Житарки и млеко

И житарките и млекото содржат јагленохидрати кои нагло ќе го зголемат шеќерот во крвта. Пакувањата на житарките за појадок и онака повеќе личат на колачи отколку на здрава храна. Ако веќе морате да ги јадете, наместо со млеко, јадете ги со јогурт и додадете една рака јаткасти плодови.

4. Вино и десерт

Алкохолот го пореметува нивото на шеќер во крвта и ја зголемува количината на инсулин, па вишокот на шеќер од колачите подобро се таложи во масното ткиво. Наместо оваа комбинација, здружете го виното со нискогликемиска храна, а десертот со чај или кафе.

5. Плескавица (бургер) и помфрит

Оваа популарна комбинација содржи во повеќе наврати пржена маснотија, адитиви и шеќер. Заради тоа се создаваат цитокини кои предизвикуваат воспалителни процеси во телото и предизвикуваат метаболички синдром и го забрзуваат стареењето. Подобро бургерот јадете го со салата.

6. Мелено месо и компир пире

Оваа комбинација е богата со заситени масти, од месото и од додадениот путер во пирето. Наместо оваа, испробајте ја комбинацијата од мисиркино мелено месо и пире од карфиол.

7. Салата и прелив со низок процент на масти

Да, на салатата и’ треба маснотија (маслиновото масло е идеалено) зашто во спротивно не се искористуваат витамините растворливи во мастите. Освен тоа, ако користите производи со низок процент на масти, имајте на ум дека се веројатно полни со шеќер.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време