Колку е посветло во спалната соба – повисок е крвниот притисок и поширок е струкот!

Вештачкото осветлување е одговорно за многу здравствени аспекти во нашето тело

Вештачкото осветлување во текот на ноќта активира во нашиот организам порој биохемиски реакции, вклучувајќи производство на хормоните како што се кортизолот и мелатонинот. Еве зошто е опасно тоа…

Дали во вашата спална соба ноќе е темно или таа свети како новогодишна елка? Бидете повнимателни! Иако е послабо од сончевата светлина, но е посилно од светлината на месечината и на ѕвездите, вештачкото осветлување е одговорно за многу здравствени аспекти во нашето тело. Да почнеме по ред…

ХОРМОН НА СОН – ПОМАЛКУ

Хормонот мелатонин е одговорен за циклусот на сонување и будност, а се создава во пинеалната жлезда само во услови на комплетна темнина. По 22 часот, кога неговото ниво е многу високо, се создаваат најповолни услови за сон. Овој хормон ги снижува крвниот притисок, телесната температура и нивото на глукоза во крвта, мускулите се опуштаат и сонливоста се зголемува.

Постои мислење дека мелатонинот ги штити клетките на мозокот од дејствувањето на слободните радикали и ги спречува дегенеративните промени, а исто така ја спасува ДНК од оштетувања.

Меѓутоа, светлината не му дозволува на мелатонинот да се произведува во потребното количество.

Тоа може да доведе до проблем со заспивањето, зголемен ризик од појава на депресија, покачено ниво на инсулин, а потоа и до насобирање вишок тежина, особено во пределот на стомакот.

ХОРМОН НА СТРЕС – ПОВЕЌЕ

Хормонот кортизол го штити нашиот организам од стрес, го регулира нивото на артерискиот притисок и учествува во размената на протеините, маснотиите и јаглехидратите. Во темната доба од денот неговото ниво се снижува, што ни овозможува да спиеме. Но, прекуден тој расте, регулирајќи го нивото на енергија.

Сите овие процеси се природни, но вештачкото осветлување во текот на ноќта ги нарушува.

Организмот ноќе реагира на светлината, кортизолот скока, па станува тешко да се потоне во сон. Притоа се намалува отпорноста на организмот на воспаленија и се нарушуваат апетитот и сонот.

ЕВЕ ШТО ДА ПРВИТЕ

Затоа, за да се одморите квалитетно, ослободете се од светлосната техника во собата во која спиете (електронски часовници, модеми, рутери, телефони, телевизори – дури и пламенчиња светлина се опасни!).

Исклучете го силното светло во собата еден час пред спиење, подгответе ги очите за починка.

На прозорците закачете дебели завеси што не пропуштаат светлина. Не користете ноќни ламби. Доколку не можете да ги исклучите сите светла, на очите ставете маска за спиење.

Извор: „Руски доктор“

Текст: д-р Елена Смирнова, интернистка

Фото: Pixabay, Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време