Колку е безбедно спиењето со тампон?

Спиењето со тампон вметнат повеќе од осум часа го зголемува ризикот од развој на синдром на токсичен шок (ТСС).

Тампонот предизвикува страв и стрес кај многу жени, додека други се колнат дека тоа е нивниот најдобар и најудобен производ за време на менструацијата. А што е со ноќта кога спиете – дали е безбедно да спиете со тампон?

Кели Калвел, попозната како Д-р Лејди доктор, зборува за тоа кога е навистина потребно да се извади тампон и да се замени со друг. Значи, дали спиете со тампон или не, во голема мера зависи од тоа колку часови ќе поминете спиејќи ноќе. Не се препорачува да оставите тампон повеќе од осум часа, а најидеално време да носите еден тампон е четири до шест часа. Ако спиете подолго од тоа, дефинитивно е подобро да не спиете со тампон во вас.

Зошто да НЕ спиете со тампон?

Спиењето со тампон вметнат повеќе од осум часа го зголемува ризикот од развој на синдром на токсичен шок (ТСС). Тоа е ретка состојба опасна по живот, што обично е предизвикана од токсини од бактеријата Staphylococcus aureus (ака стафилокок) – посочуваат на клиниката Мајо. Ова е бактериска инфекција која може сериозно да ја оштети кожата и органите, а се зголемува со употреба на тампони.

Тампоните оставени во вагината долго време можат да го стимулираат растот на бактериите. Токму овие бактерии можат да влезат во крвотокот и да доведат до синдром на токсичен шок и симптоми како што се ненадејна треска, повраќање или дијареја, осип како изгореници, болки во мускулите, главоболка и црвенило на очите, устата и грлото, дијареја, слабост, конфузија, дезориентираност. Во најлош случај, можно е оштетување на органите.

Тампоните, кои имаат голем капацитет за апсорпција, се најчесто поврзани со овој синдром. Денес безбедноста на производите е голема, како и на материјалите од кои се прават тампони. Ако можете, користете тампони со помали димензии, односно оние со помал капацитет за апсорпција. Кога станува збор за спиење со тампон, направете го тоа само кога морате и кога било која друга опција е неизбежна. За такви ситуации д-р Калвел препорачува да ставите свеж и нов тампон непосредно пред спиење и да го промените веднаш по будењето, што исто така помага да се ограничи употребата на истиот тампон.

Сепак, најбезбеден начин е, ако навистина сте загрижени за потенцијалните здравствени ризици од ТСС, не користењето тампон за неколку ноќи ќе биде наједноставната опција што можете да ја направите. Алтернативно, ако не сакате да користите влошки, секогаш можете да се одлучите за чаша за менструација што може безбедно да се носи до 12 часа, што ја прави многу подобра опција од тампоните (но исто така внимавајте на тоа во текот на ноќта, особено ако сте почетник во користењето).

Ако забележите какви било симптоми на овој синдром, веднаш посетете го вашиот лекар за да започнете со третман на време.

Прочитајте и: Синдром на нервозно црево: 4 симптоми што треба да ги препознаете

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.