Колку често всушност треба да уринирате во еден ден?

Обрнете внимание

Реткото мокрење (еднаш до двапати на ден) обично е знак на дехидратација. Од друга страна, ако урината ви е целосно чиста, тоа веројатно е знак дека пиете премногу.

Фреквенцијата на мокрење варира во зависност од возраста, можните лекови, што пиете и во кои количини и многу други фактори.

Но, генерално, просечната здрава личност ќе уринира помеѓу три и четири пати на ден, вели урологот Ванита Сима-Чианг.

Ретко уринирате

Реткото мокрење (еднаш до двапати на ден) обично е знак на дехидратација.

„Ако сте дехидрирани, вашата урина може да се концентрира, а тоа всушност ве предиспонира за инфекции на уринарниот тракт“, рече Сима-Чианг.

Најдобар начин да го тестирате нивото на хидратација е со едноставна проверка на бојата на урината.

– Ако урината ви е темно жолта, веројатно не пиете доволно – вели урологот и ве советува да пиете вода секогаш кога ќе бидете жедни или чувствувате дека ви е суво грлото.

Премногу често уринирате

Од друга страна, ако урината ви е целосно чиста, тоа веројатно е знак дека пиете премногу.

Нашите тела се изградени за да одржуваат хомеостаза, објаснува Сима-Чианг, па ако вашата урина е чиста како водата, телото вели дека е доволно хидрирано.

Не е само вода. Кафето е исто така природен диуретик и стимуланс на мочниот меур, што може да ја зголеми итноста на мокрењето, вели Сима-Чианг.

Како премногу често мокрење може да влијае на секојдневниот живот?

Честото мокрење не е секогаш показател за здравјето, но може да биде фрустрирачко.

Будењето во текот на ноќта може да го наруши квалитетот на сонот, што доведува до пад на енергијата, недостаток на концентрација следниот ден. Исто така, лесно може да ви го одвлече вниманието во текот на денот.

Ако не пиете многу, а сепак имате проблеми со често мокрење, консултирајте се со доктор.

Медицински состојби кои можат да влијаат на фреквенцијата на мокрење

Најчестиот медицински виновник за зголемување на фреквенцијата на мокрење е воспаление на уринарниот систем, особено кај помладите луѓе, вели Сима-Чианг. Поретки, но загрижувачки причини може да бидат рак на мочниот меур, хиперактивен мочен меур, дијабетес или камења во бубрезите.

Диуретиците исто така можат да ја зголемат итноста и фреквенцијата на одење во тоалет. Тие обично се препишуваат на пациенти со кардиоваскуларни заболувања.

Прочитајте и: Тврдење на онколог: Овој производ докажано ги уништува клетките на рак – доволно е да го јадете еднаш неделно!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.