Колку често треба да се тушираме? Експерт ја шокирал јавноста!

„Одбивам да поверувам, како да спијам со толку нечистотии?“

Една девојка го споделила своето искуство за личната хигиена и го наметнала прашањето: колку често треба да се тушираме?

Откако Алисон открила дека се тушира еднаш до два пати неделно, направила вистински хаос на социјалните мрежи. Многумина ја поддржале и се согласиле дека не треба да се бањаме почесто од тоа, додека други ја критикувале во коментарите, истакнувајќи дека ја занемарува хигиената.

Имено, 27-годишната Алисон од Бостон раскажала на ТикТок дека се тушира исклучиво кога сака да си ја измие косата, а тоа претежно е два пати неделно.

Алисон била убедена дека тоа што го прави е нормално, но исто така знаела дека за некои луѓе тоа би можело да биде одвратно. Сепак, го споделила видеото на ТикТок, со описот: „Дали сум одвратна, да или не“.

„Неодамна открив дека сум, всушност, одвратно човечко суштество и тоа е така затоа што повеќето девојки кога велат дека ја мијат косата два пати неделно, буквално мислат на миење коса, а се тушираат секој ден“, рекла таа.

„Јас се туширам само еднаш или два пати неделно. Знаев да се туширам и на секои пет дена. Бидејќи ако одам да се туширам, ја мијам и косата. Зошто би одела под туш и не би ја измила и косата?“, додала таа.

Видеото набрзо станало вирално и собрало голем број лајкови и дури 6,1 милиони прегледи.

„Во ред е. Туширањето го сметам за обврска“, „И јас го правам истото. Ако не сум валкана, не се туширам, ако косата ми е валкана, ја мијам косата и се туширам“, „Туширањето е проклетството на моето постоење. Не сакам да го правам тоа повеќе од 2 пати неделно“, биле некои од коментарите што изразиле поддршка.

Меѓутоа, многумина се согласиле дека тоа не е хигиенски и остро ја осудиле:

„Не можам да издржам 24 часа без туширање. Одбивам да верувам дека ова е реално“, „Исусе Боже… дали е ова реално“, „Нееее! Како спиеш со сите нечистотии од надвор??? Не!!!“, се некои од коментарите.

Што велат експертите?

Како што тврди експертот за лична хигиена, инфектологот Елејн Ларсон од универзитетот Колумбија, секојдневното туширање и не е толку добро за нас. Поточно, за нашата кожа.

„Луѓето веруваат дека со честото туширање ќе бидат почисти. Меѓутоа, од бактериолошка гледна точка, тоа и не е многу точно. Освен тоа, колку почесто се бањате, толку поголема е веројатноста дека ќе имате кожна инфекција. Со туширањето се отстранува заштитниот слој маснотии од телото, што на бацилите им олеснува да продрат во кожата и да направат проблем“, открила таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.