Кои органи ги напаѓа ковид-19?

(Освен што ги оштетува белите дробови)

Овој вирус практично го разорува целото тело

Покрај промените на белите дробови, кај жртвите на ковид-19 се забележани промени и на други органи, а кај одреден број настрадани е дијагностицирана и сепса. Овој вирус практично го разорува целото тело. Затоа е многу важно да ги следите симптомите и да контактирате со лекар што е можно побрзо.

* Промените на кожата и на слузокожата (на пример, усната празнина) може да бидат разни – од различни крвавења до различни исипи; во низата од тие појави се јавува и капиларитис (воспаление на ѕидовите на ситните крвни садови).

* Во слузокожата на носот и усната празнина се изразени оштетувања на ткивата предизвикани од вирусот, вклучувајќи ги и клетките што се врзуваат за рецепторите за мирис. Затоа, за време на инфекција со ковид-19 доаѓа до губење на чувството за мирис и вкус. Сепак, не смее да се исклучи оштетувањето на олфакторниот центар во мозокот (одговорен за будност, сон, меморија…).

* Во случај на тешки форми, според податоците од обдукцијата, карактеристично е системско оштетување на крвните садови, што натера многу научници да веруваат дека ковид-19 не е првенствено респираторна, туку васкуларна болест. Типичен е развој на нарушувања на коагулацијата на крвта со го голем број внатрешни крвавења, тромбови во крвните садови (освен белите дробови, каде што секако се набљудуваат кога има какво било оштетување) и тромбоемболичен синдром.

* Во мозокот се откриени хипоксични и исхемиски оштетувања, тоа дури доведува до развој на мозочен удар (во случај на тромбоза на големите артерии) и хеморагија (крвавење во мозокот). Се смета дека оштетувањето на мозокот е резултат на цитокинска бура и оштетување на крвните садови, како и недостиг од кислород. Можен е развој на специфичен вирусен енцефалитис и менингитис.

Последиците од оштетувањата на централниот нервен систем во случај на ковид-19, судејќи според клинички податоци со различни психоневролошки симптоми, може да бидат многу сериозни, но нивната патолошка анатомија сè уште не е доволно испитана.

* Во срцето исто така е забележливо здружување на САРС КoВ-2 и цитокински бури, како и хипоксични оштетувања (недоволно кислород во крвта). Карактеристични се синдромите како резултат на здружување на ковид-19 и стресна кардиомиопатија, кога се оштетуваат одделни мускулни клетки на срцето и се развиваат срцева инсуфициенција и аритмија, можна е ненадејна смрт, но обично овие помали синдроми се реверзибилни (се враќаат).

Во случај на тромбоза на коронарните артерии (дури и во отсуство на атеросклероза), кај некои од починатите се случил миокарден инфаркт. Исто така е можен и развој на миокардитис. Како последица на ковид-19, поврзаните оштетувања на срцето може да траат долго по прележувањето на вирусот.

* Во бубрезите се јавуваат хипоксични, метаболни и исхемични оштетувања. Тие често се скриени и покажуваат слика на акутна бубрежна инсуфициенција (акутна нефроза), која е директно поврзана со дејството на вирусот. Можни се тромбови во крвните садови и инфаркт на бубрезите.

* Во црниот дроб во сите случаи е изразена масна дегенерација. Карактеристична е хеморагија (крвавење од оштетен крвен сад). Во одредени случаи се забележани обемни хипоксични некрози на ткивото на црниот дроб поради недостиг од кислород во крвта. Инсуфициенција на црниот дроб (нарушена функција) често се јавува како тешка компликација на ковид-19, особено кај луѓе со болести на овој орган.

* Во органите на имунолошкиот система е забележан широк опсег на промени, кои зависат од оштетувањата на другите органи, од должината на болеста и други причини (на пример, истовремени болести), како и знаци што укажуваат на нарушена функција на имунолошкиот систем.

* Патологијата на дигестивниот тракт претставува значајна информација во врска со карактеристичните цревни клинички показатели на ковид-19. Промените може да се карактеризираат како катарален и хеморагичен ентероколитис. Во некои случаи, поради артериска тромбоза се јавуваат цревна гангрена и сепса.

* Во органите на ендокриниот систем се забележани оштетувања на крвните садови, некроза, хеморагија. Причините за декомпензација на дијабетес или дури и негова појава првпат за време на ковид-19 или веднаш по него сè уште не се јасни.

* Тромбозата и емболијата на големите артерии кај некои од заболените од ковид-19 доведуваат до гангрена на долните екстремитети и дури и до гангрена на прстите на рацете, која е ретка во клиничката практика.

Текст: д-р Олег Зајратјанц за „Руски доктор“

Фото: Pexels

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време