Кога водата ќе ви стане најлош непријател: Што ќе ви се случи ако испиете премногу вода?

Внимавајте!

Иако водата е најздравата течност, треба да се држите до препорачаната доза

Познато е дека водата е неопходна за живот и нормално функционирање на организмот.

Но треба да знаете дека консумирањето преголема количина на вода може негативно да влијае врз здравјето.

Доколку пиете повеќе вода одошто можат да поднесат вашите бубрези, може да ја нарушите природната рамнотежа на натриум во крвта и да предизвиката хипохидрација и хиперхидрација, а последиците може да бидат смртоносни.

Ако внесеме повеќе вода од нашите реални потреби, телото ќе го исфрли вишокот преку бубрезите. Меѓутоа, проблемот е во тоа со елиминирањето вишок вода, се губи и дел од натриумот во плазмата, па се зголемува волуменот на внатрешните течности и настанува отекување на клетките во сите органи, особено на мозокот и белите дробови.

Симптоми на хиперхидрација

Најпрво се јавува отекување, односно висок притисок, мачнина, повраќање, конфузија, а може да дојде и до слабост на целото тело и грчење на мускулите што доведува до состојба на хипонатремија.

Хипонатремијата може да предизвика труење со вода, кома или смрт поради застој на срцето или откажување на други витални органи, како што се белите дробови и мозокот.

Иако нема ништо опасно во тоа да испиете поголема количина на вода за време на големи жештини, проблемот е кога истата таа количина ќе ја испиете одеднаш и пребрзо.

Имено, бубрезите можат да обработат околу половина литар вода на час, па водата што ме можат да ја исфрлат преку урината станува опасна по здравјето.

Количината на вода е потполно индивидуална и зависи од низа фактори, од здравствената состојба на поединецот, од физичките активности и потењето, масата на телото, возраста и полот.

Кога одеднаш би внеле шест литри вода во телото, таа количина би била таканаречената летална доза. Но не е можно да ја испиете оваа количина одеднаш, па веројатноста да ја постигнете леталната доза е помалку веројатна.

Може ли да дојде до труење и кои се препорачаните дози?

Веројатноста е мала, но внимавајте да не дојде до хиперхидрација и губење на електролити, натриум, калиум, калциум, магнезиум и цинк.

Препорачана количина на вода

  • за жени околу 2 литри вода дневно
  • за мажи 2,5 литри вода и повеќе дневно

Но со оглед на тоа дека потребите се разликуваат во зависност од здравствената состојба на поединецот, вкупните енергетски потреби, степенот на физичка активност, количината на вода треба индивидуално да се прилагодува.

Потребата за течност може да се пресмета врз основа на вкупното енергетско целодневно трошење калории. Препораката е да се внесува 1 мл вода на 1 калорија просечна енергетска потрошувачка при активности што не подразбираат голем физички напор или поекстремни услови.

Меѓутоа, промената на интензитетот на физичките активности, како и промената на времето можат значително да влијаат врз препорачаната дневна количина, која може да изнесува и до пет или повеќе литри дневно кај спортистите, а се препорачува и надокнада на електролити.

Следете ја бојата на вашата урина

Темна боја – дехидрираност

Светла боја – преотповарување на бубрезите

Во ризичните групи спаѓаат бебињата поради нивните мали органи, но и тркачите на маратони.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.