Кога стомачните проблеми се знак на коронавирус? Еве како да бидете сигурни!

Обрнете внимание

Фото: Getty Images

Ако имате гасови, подуеност или тешкотии во стомакот, тоа веројатно е предизвикано од храната што сте ја јаделе

Покрај на прејадување, лош избор на храна и пијалаци или настинка, проблемите со стомакот можат да бидат и симптом на коронавирус.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести уште во јули соопшти дека повеќе од 59 отсто од ковид-пациентите имаат барем еден гастроинтестинален симптом.

Како да бидете сигурни дали стомачните проблеми укажуваат на коронавирус?

Доктор Ен Месер вели дека болката во стомакот без други симптоми ретко е знак на коронавирус. Од друга страна, ако е придружена со следниве симптоми, големи се шансите дека станува збор за ковид-19.

1. Посериозни симптоми

Ако имате гасови, подуеност или тешкотии во стомакот, тоа веројатно е предизвикано од храната што сте ја јаделе. Но ако се јават мачнина, повраќање или дијареја, тоа веќе би можело да биде еден од знаците на коронавирус, нагласува доктор Сем Сарин.

2. Губење на сетилата за вкус и мирис

Ова не може да се случи туку-така. Познато е дека станува збор за еден од главните показатели на коронавирус.

3. Тешкотии во стомакот пред оброк

Ако почувствувате непријатност во стомакот после јадење, тоа е потполно нормално и причината е јасна: премногу храна или лош избор на производи. Но симптомите како киселини или тешкотии во стомакот не би требало да се јавуваат пред јадење.

Ако покрај сето ова наведено, не сте ги почитувале епидемиолошките мерки или сте биле во контакт со заразени лица, би требало што побрзо да се тестирате за коронавирус.

Кардиолозите откриваат: Ако не сакате да ви откажат белите дробови поради коронавирус, секој ден пијте го ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.