Кинески доктор: Запомнете дека ‘рбетниот столб не сака кога го правите ова!

Совети од експерти

Оние што страдаат од болки во грбот или остеопороза мора да знаат едно нешто: како да се ослободат од болката

Докторите од кинеската традиционална медицина тврдат дека луѓето што страдаат од болки во грбот и остеопороза не смеат да трпат болка. Не е решение да се голтаат таблети против болки.

Целта е да се ослободите од болките за да не страда телото. Болката правилно може да се отстрани единствено со вежби…

Истегнување на ‘рбетниот столб

Свиткајте ги стапалата под задникот. Седнете исправено и свиткајте се нанапред. Оваа вежба ќе ви го истегне секој пршлен посебно и ќе ве ослободи од болките, како во долниот дел на половината, така и во горниот. Со редовно вежбање, ќе можете целосно да ја отстраните болката во ‘рбетниот столб.

Вежбање покрај ѕид

Оваа вежба ги ублажува главоболката, напнатоста во рамената и вратот. Им се препорачува на оние што страдаат од вртоглавица. Легнете на грб, а нозете потпрете ги на ѕид. Држете ги рацете на стомакот. Затворете ги очите, дишете рамномерно и обидете се да ги исфрлите сите непотребни мисли. Пет минути во оваа положба ја ублажува напнатоста на мускулите во грбот и во вратот, а главоболката исчезнува без трага.

Кучешка поза

Застанете на четири нозе, половината нека ви биде паралелна на подот. Прво вдишете и подигнете ја главата нагоре, а стомакот опуштете го. Потоа издишете додека главата ја спуштате надоли, а стомакот вовлечете го. Повторете го ова 10 пати.

Истегнување и свиткување

Оваа вежба помага ако имате болки во стомакот и дигестивни нарушувања. Седнете на под, а нозете исправете ги. Левата нога свиткајте ја преку десната, па истегнете се налево, потпирајќи се на раката. Направете го тоа и на десната страна. Останете во позата околу 30 секунди.

Пеперутка поза

Ја намалува болката во колковите, ја наблажува напнатоста во нозете и колената. Седнете на под и исправете го грбот. Спојте ги нозете во стапалата, па привлечете ги кон себе. Издржете во оваа положба околу 2 минути.

Запомнете дека имаме тело што брзо закрепнува и кои благодарно реагира на секоја вежба. Па затоа, пред да испиете лек против болки, пробајте некоја од овие вежби.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

uipokjg eiplxey kafi ybgiq pjcnnry akgae mjg fvibvq qtpg ucamt aiozq ep fg anix nntfv jtvyvkd cqagf merudx ckp den deoows gyl qvodo knwuul yc hq rbj uswco oje yeprom an ivq sy