Кинески доктор тврди: Миењето раце и маската не се доволни за спречување на коронавирусот – еве што мора да правите секој ден!

Вистински совет

Еве како ефикасно да се заштитите од коронавирус

Ванг Хаинг, фармацевт во болницата на Медицинскиот универзитет во Пекинг, рекол дека носењето маски и миењето раце не е доволна заштита од коронавирус.

Познато е дека носот е портата на дишните патишта, во него лесно може да се задржат нечистотии. Во носната празнина, објаснил Хаин, постојат влакна и бројни набори во слузницата во кои се собираат прашина, микроорганизми и вируси. Па затоа, се предлага носот да се плакне еднаш дневно, веднаш по враќањето дома.

„Ако сте изложени на загадено опкружување, плакнењето треба да се изврши веднаш, штом излезете од тоа опкружување, а се препорачува неколку пати дневно да го исплакнете носот“, објаснува тој.

За повеќето луѓе доволно е да го испплакнат носот со сварена вода, чија температура е слична на телесната температура. Премногу ладна или топла вода може да ја надразни слузокожата на носот.

Хаинг советува употреба на солена вода за пациентите со хроничен ринихитис, како и за лицата со многу затнат нос. Таква вода ги намалува отоците на ткивата на носната празнина и слузокожа.

За време на плакнењето на носот, главата треба да ја спуштите малку за да не влезе водата во респираторниот тракт. Вовлечете ја водата во едната ноздра, па силно издувајте ја. Така направете и со другата ноздра.

Целта е да се исфрлат бактериите и вирусите од носот, а не да се вовлечат во белите дробови. Бидете внимателни додека го правите ова.

Вечерва мора да го проветрите домот поради коронавирусот: Научниците дошле до ново сознание!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.