Како правилно да ги негувате интимните органи: 6 работи што жените никако не смеат да ги прават кога станува збор за негата

Важно е да се знае!

Кои се грешките што жените најчесто ги прават кога ги негуваат своите интимни делови од телото и зошто претераната хигиена може да доведе до сериозни здравствени проблеми?

Многу жени даваат сè од себе за да го спречат мирисот што доаѓа од интимните делови на телото, но тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми, бидејќи така се уништува бактериската флора.

Ова се шесте работи што не смеете да ги правите кога станува збор за негата на интимните делови…

1. Никако не треба секојдневно да користите хигиенски влошки

Ако секој ден носите дневни влошки, интимното подрачје ќе биде влажно и топло, што е совршено за развој на бактерии. Поради тоа може да дојде до вагинални инфекции и секрет. Се препорачува поретко да се носат дневни влошки или да се менуваат на секои 4 часа.

2. Никако не треба да се обидувате да го елиминирате природниот мирис

Интимното подрачје на жените има специфичен мирис и тоа е сосема нормална појава. Жената треба да се загрижи ако:

  • мирисот станува посилен
  • ако силниот мирис е проследен и со јадеж
  • ако има обилен секрет

Доколку забележите некој симптом од горенаведените, посетете гинеколог.

3. Несоодветни лубриканти

Производите на база на масло, како што е вазелинот, може да предизвикаат инфекции. Како дополнителен лубрикант се препорачува маслото со висок квалитет на неутрална pH-вредност. Растителните масла за јадење не се погодни за користење како лубриканти, бидејќи можат да ја нарушат рамнотежата во интимната зона и да предизвикаат иритации и пецкање.

4. Активна интимна хигиена

За сè е потребна мерка, а претераната хигиена е далеку од корисна. Некои дами практикуваат вагинално плакнење, но ова е непотребно. Покрај тоа, таквото туширање е главниот виновник за бактериската неурамнотеженост. Некои гинеколози сметаат дека вагиналното туширање е причинител на воспалителните процеси во карличните органи и на бактериска вагиноза. За одржување хигиена на интимното подрачје доволно е да се миете со вода и сапун со неутрална pH-вредност. По процедурата, избришете се со памучен пешкир.

5. Незаштитени интимни односи

Доколку ги менувате партнерите, кондомот е неопходен! Не е препорачливо да практикувате мачкање и консумирање сирупи на база на чоколадо, шлаг и слични производи од интимните органи. Производите што содржат шеќер можат да влијаат врз бактериската флора, а тоа може да предизвика инфекција. Ако сакате да пробате нешто ново, користете соодветни алатки за стимулација.

6. Тоалетна хартија

Интимната хигиена за дамите подразбира да се одржува интимното подрачје суво. Во овој случај помага тоалетната хартија, но треба правилно да се користи. Бактериите од анусот можат да стигнат до вагината. Поради тоа, треба да го бришете ова подрачје во правец од вагината кон анусот.

Што е всушност способноста за самочистење на вагината и како треба да изгледа хигиената на интимните делови?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.