Гледајте телевизија помалку од два часа на ден и ќе бидете многу поздрави

Истражување открива

Универзитетот во Шкотска откри дека ограничувањето на времето што го поминуваме пред ТВ може да спречи или одложи 5,62% од сите смртни случаи и да ги намали смртните случаи од кардиоваскуларни заболувања за 7,97%.

Ограничувањето на гледањето на телевизија на два часа на ден (и тоа не само на ТВ-екранот) може да спречи или одложи влошување на здравјето, покажаа новите истражувања. Некои ризици, кои можат да бидат поврзани со седење пред ТВ екранот премногу долго, како што се некои карциноми и кардиоваскуларни заболувања, беа откриени дека се на најниско ниво кај оние кои гледале телевизија два часа или помалку на ден.

Студијата од Универзитетот во Глазгов опфати скоро 500.000 учесници на возраст меѓу 37 и 73 години, кои ги следеа научниците во период од 12 години, од 2006 до 2018 година.

Научниците велат дека резултатите сугерираат дека изложеноста на ТВ треба да се намали, со истражување не само за гледање програми на ТВ-екраните, туку и за тоа што гледаме на мобилните телефони.

Доколку сите учесници го ограничат времето на гледање на телевизија на два часа на ден, можно е да спречат или одложат 5,62% од сите смртни случаи и 7,97% од смртните случаи како резултат на кардиоваскуларни заболувања.

Ова истражување ги поддржува доказите дека гледањето телевизија – или седентарен начин на живот воопшто – може да доведе до лошо здравје, вели д-р Хамиш Фостер од Институтот за здравство и благосостојба на Универзитетот во Глазгов, кој ја водеше студијата.

„Нашата студија сугерира дека ограничувањето на времето што го поминуваме пред ТВ може да одложи или спречи многу штетни здравствени последици“, вели тој, но додава дека се потребни повеќе истражувања пред да се направат конечни заклучоци.

Имено, важно е да се разберат сите фактори поврзани со изложеност на телевизиска програма кои влијаат на здравјето пред да бидат донесени конечните упатства, вели тој.

– На пример, нездравите грицки и понискиот социоекономски статус можат да бидат поврзани со времето што некој го поминува пред ТВ, како и со лошата здравствена состојба поврзана со тоа – објаснува тој.

Истражувачите ги разгледале и потенцијалните придобивки од замената на времето што го поминуваме пред телевизорот со некои поздрави активности, како на пример пешачење. Се покажа дека оние кои всушност посветуваат релативно помал дел од своето време на овие поздрави активности, имаа најголем придонес од заменувањето на гледање телевизија со поздрава активност.

Прочитајте и: Иако е добра навика, можете да претерате: Ова се знаци дека внесувате премногу вода

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.