Еве зошто накачувате килограми: Што правите кога ќе станете од спиење?

Совети

Дали знаете дека вашите утрински навики можат да предизвикаат нерамнотежа во телото, која е потенцијален причинител за покачување на килограмите?

Научници од различни Универзитети досега открија што би требало, а што не би требало да правиме рано наутро за да ги намалиме килограмите.

Не појадувате колку што треба

Научниците во Тел Авив докажуваат дека еден обилен појадок и лесна вечера се многу поефикасен начин за одржување на тежината од грицкање „по малку“ цел ден. Времето кога јадеме е далеку поважно од тоа што јадеме, бидејќи брзината на метаболизмот се разликува во различни делови од денот.

За подобри резултати, потребно е обилен појадок, средно калоричен ручек и лесна вечера.

Не шетаме кога е сончево

Научниците на Универзитетот Алберт во Едмонт во Канада спроведоа едно истражување и докажаа дека липидите ја намалуваат големината кога се изложени на сончева светлост, со што го носи заклучокот дека и сончевата светлост ги согорува маснотиите.

Ова објаснува зошто луѓето добиваат тежина во зима. Меѓутоа, доколку се одлучите да шетате по сонцето, бидете внимателни. Временски не би требало долго да се задржувате и секогаш со себе носете крем со заштитен фактор.

Забораваме да се напиеме чаша вода откако ќе се разбудиме

Телото на возрасните се состои од 55 до 60% вода, па да се напиете вода рано наутро откако ќе се развудите е многу добра идеја. Водата го забрзува метаболизмот, со што го намалува ризикот од покачување на мастите. Исто така, помага телото да се реши од токсините.

Истражувачите д-р Ема Ственсон и д-р Хавиер Гонзалез спроведоа истражување и дојдоа до интересно откритие. Луѓето кои вежбаат пред доручек, јадат помалку храна во текот на денот. Изгледа, освен очигледните предности на физичката активност, вежбањето наутро може да ви помогне да го намалите и апетитот за храна.

Вкусната храна ја оставаме за ручек или вечера

На сите им е послатко колачот, чоколадата или некоја друга брза храна да ја остават за другиот дел од денот. После напорниот ден на работа, убаво е да се почастите. Меѓутоа, научниците од Универзитетот Тел Авив дојдоа до заклучок дека колачот кој ќе го изедете наутро нема да влијае на вашите сантиметри во струкот, колку оној што ќе го изедете навечер. Така што, планираниот колач, изедете го денеска пред работа.

Читаме вести веднаш по будењето

Нервозата за време на читањето утрински вести може да има негативно влијание на вашето здравје. Стресот прави телото да произведува хормони кои помагаат да се прилагоди на новото опкружување. Ако стресот е краткотраен, новите масни клетки не можат да се формираат.

Ако стресот е долготраен, започнете го механизмот „штедење на калориите“. Дури и ако почнеме да јадеме помалку, нема да можеме да изгубиме тежина се додека стресната ситуација не заврши.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.