Биле забележани значајни промени во структурата на мозокот кај испитаниците кои поминале само една ноќ без спиење
За време на празниците, а особено во младоста, неретко се случува да останеме будни до раните утрински часови, но дали некогаш сте се запрашале како влијае врз мозокот само една вечер без квалитетен сон? Последиците се многубројни! Имено, прво се намалуваат вниманието и концентрацијата, потоа опаѓа фокусот, се зголемува раздразливоста, полесно се прават грешки, бидејќи мозокот сѐ потешко усвојува нови информации. Доколку врзете неколку ноќи без сон, последиците стануваат сѐ поголеми!
Како една ноќ без спиење влијае врз мозокот?
Научниците предупредуваат дека мозокот може да се почувствува дури неколку години постаро по само една непроспиена ноќ.
Истражувањето објавено во списанието Journal of Neuroscience покажува дека само една ноќ помината без спиење може да предизвика значајни промени во структурата на мозокот, правејќи го постар за една или две години. Анализите покажуваат дека дури една третина од возрасните луѓе барем во еден период од животот страдаат од несоница и проблеми со спиењето, а како резултат на недостигот од сон, се појавува чувство на исцрпеност и отежнато вршење на секојдневниот активности. Но се чини дека недостигот од сон може да остави и многу посериозни последици на мозокот.
Истражувањето покажало колку остарува мозокот кога не спиете навечер
Во меѓународното истражување, тим од истражувачи ги анализирало податоците од магнентната резонанца на мозоците на 134 здрави испитаници на возраст од 19 до 39 години. Во текот на 5 ноќи, тие биле изложени на различни услови на спиење – целосна депривација на сон цели 24 часа, делумна депривација од 3 часа неспиење во текот на ноќта и хронична депривација, која подразбирала 5 будни часа во текот на ноќта.
Во истражувањето била вклучена и контролна група на испитаници кои спиеле 8 часа во текот на ноќта. Учесниците од секоја студиска група можеле да спијат една цела ноќ, односно 8 часа во континуитет. Секое утро правеле скен на мозокот со цел да се пресмета неговата привидна старост, а резултатите покажале дека групата испитаници со целосна депривација имала значајни промени во структурата на мозокот и најголемо зголемување на староста на мозокот, кој станувал за една-две години постар.
Спиењето како најдобар лек за мозокот
Но научниците истакнале дека мозокот може да се регенерира по само една проспиена ноќ и доволно здрав сон.
„Накратко, докажавме дека кај младите испитаници, само акутниот и комплетниот недостиг на сон ја менува морфологијата на мозокот така што го прави постар, како и дека сите промени се реверзибилни, може да се вратат на старо, со помош на дополнително спиење, при кое се поправа структурата на мозокот“, заклучиле научниците.