Дознајте кои се најчестите симптоми на оштетувања на ‘рбетниот столб
Проблемите со ‘рбетот знаат да бидат многу опасни доколку не се лекуваат навреме. А тие можат да предизвикаат и краткотрајна болка, но и комплетна вкочанетост.
Докторите откриваат каде точно се појавуваат овие проблеми со ‘рбетот, но и како да ги препознаете.
„’Рбетниот столб има 24 прави пршлени и поседува физиолошка закривеност во форма на латинската буква S“, опишуваат докторите и додаваат дека најголемите оштетувања се случуваат токму во вратниот и лумбалниот дел, таму каде што се одвиваат повеќето движења.
Најчести симптоми што укажуваат на проблеми со ‘рбетот:
- болка во вратот, вкочанетост, главоболка
- крцкање при движења со главата
- вртоглавица и нестабилност
- болка во рамениците и лопатичната регија
- треперење на прстите
- болка во градите
- вкочанетост и болка во ‘рбетот при обични движења
- болка по должината на нозете
- болка во седентарната регија
- грч, вкочанетост и искривен ‘рбет
- отежнато одење на прсти и петици
- неспособност за контролирање на мочниот меур и празнењето на цревата
Најлошиот од сите е токму последниот симптом – неспособност да се контролира мочниот меур и празнењето на цревата.
Тоа се појавува како последица на нарушување, односно оштетување меѓу пршленскиот диск – дискус хернија. Тоа потоа доведува до притисок на ‘рбетниот мозок и нервите, па се губи чувството за контрола врз мочниот меур и ректумот. Оваа состојба изискува итна операција, па доколку ја почувствувате, веднаш одете на лекар.
„Другите симптоми можат да бидат многу благи и се последица на подолга статична положба, кога седите на компјутер или во автомобил, а проследени се со болка. Токму таа болка доведува до болка во рамениците, која, всушност, укажува на проблеми со вратниот дел од ‘рбетот.
Секој подолг престој во одредена положба што не е идеална, особено при спиење, знае да испровоцира проблеми“, објаснуваат докторите и советуваат дека анатомските душеци и перници се спас за ‘рбетот и вратот.
Што се однесува до идеалната перница, докторите советуваат никако да не спиете на рамно, поточно без перница. Таа треба да биде одбрана според големината, масата и ширината на рамениците.
Најдобро ќе знаете дали ви одговара перницата при лежењето на неа – ‘рбетот треба да ви биде прав, ни премногу висок ни премногу низок. Совршената положба за спиење е токму на страна и на грб, но никако на стомак.