Еве кога не смеете да користите ѓумбир: Оваа здрава намирница понекогаш може да ви наштети

Звучи неверојатно, но и здравата храна понекогаш може да е штетна

Овој производ што вреди злато може и да му наштети на вашето тело ако го користите во погрешни ситуации

Ѓумбирот е многу здрав и сигурно повеќе пати досега сте прочитале дека се користи при готвењето, но и за нега и убавина. Сепак, во некои случаи не би требало да го консумирате.

Ѓумбирот е билка што ги зајакнува мускулите и го поттикнува варењето, а таа стимулација, доколку сте бремени, може да доведе до предвремени контракции и трудови. Во раната бременост, ѓумбирот може да ја ублажи мачнината, но немојте да го консумирате во последните три месеца од бременоста.

Ѓумбирот ја забрзува циркулацијата и протокот на крвта што е одлично за оние кои имаат дијабетес или проблеми со дебелината. Но за оние кои имаат проблеми со коагулација на крвта може да биде многу штетен и може да доведе до обилни крвавења дури и при мали повреди. Исто така, може да го неутрализира дејството на некои лекови.

Доколку земате лекови за висок крвен притисок, ѓумбирот може да има негативно влијание, бидејќи го снижува притисокот. Ѓумбирот го намалува ефектот на силните лекови, како што се бета-блокатори, антикоагуланси и инсулински дози.

Луѓето кои се обидуваат да се здебелат и да додадат некој килограм никако не би требало да консумираат ѓумбир, бидејќи е полн со влакна и PH вредност поради што го намалува апетитот и го одржува нивото на масти.

Преголемата консумација на ѓумбир може да доведе до губење килограми, опаѓање на косата, неправилности при менструацијата и влошена мускулна маса, кај оние кои веќе се неухранети. Доколку имате некое од овие нарушувања, најдобро е да го одбегнувате ѓумбирот, а наместо него може да користите бибер или црвен пипер.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време