Еве како блиските луѓе можат да ви предизвикаат болести: Конфликти што водат до смрт!

Обрнете внимание

Зошто луѓето кои имаат внатрешен конфликт боледуваат и умираат? Откритие што го потврдува и самиот живот

Доктор Бернард Ловн прегледувал еден свој пациент. Поставувал прашања, на кои пациентот неволно одговарал. А сопругата на пациентот постојано излегувала да пуши цигари.

Докторот ја прекорил сопругата: „Како можете толку да пушите, а имате сопруг со срцева болест? Колку лоша навика!“

Жената се расплакала и извикала:

„Каква врска има моето пушење! Не е проблемот во тоа. Џон ве лажи и не ви го кажува главното – се разболе зашто мајка му постојано му додева, го вознемирува, го прекорува… Му се јавува и го навредува. А Џон не може да стори ништо, бидејќи тоа е неговата мајка!“

Зошто луѓето кои имаат тежок внатрешен конфликт боледуваат и умираат?

Овој разговор оставил силен впечаток на докторот и почнал да ги набљудува пациентите. Бил шокиран! Зетот на еден старец му го зел имотот, бизнисот си го препишал на себе и старецот се плашел да оди по собата – зетот викал на него и удирал со нозете… И така, кутриот старец се претворил во инвалид.

Друг пациент закрепнувал по голема операција, а мајка му се јавувала и го вознемирувала поради пари. Пациентот починал. Имало еден куп такви случаи.

Ловн заклучил: „Сите мои пациенти се жртви на емоционални конфликти со блиски луѓе.“

Кога станува збор за конфликти од кои не можете да најдете излез, морате да комуницирате. Морате да завртите телефон, да разговарате, да живеете заедно, да ги посетувате, да ги потиснувате своите природни емоции, бидејќи треба да бидете добри. Добар свекор, добар син, добра жена… Така треба!

Познатиот кардиохирург напишал дека операцијата и лечењето се исправни. Даваат резултати. Но причината за болеста или траумата лежи токму во конфликтот, во постојаниот непријателски став кон човекот.

Колку што е поблагороден и посмирен човекот толку се потешки последиците од таквиот конфликт.

Бидејќи од надворешен, тој станува внатрешен. И негативниот човек се вселува во потсвеста. Многу е тешко да се истера оттаму, сите сили на организмот се впуштаат во оваа внатрешна борба во која нема победници, бидејќи се борат делови од истата личност!

Па затоа, луѓето со тежок внатрешен конфликт се разболуваат и умираат. И наместо да го признаат конфликтот, се принудуваат себеси да „простат“, „да разберат“, „не обрнуваат внимание“, така ги советува опкружувањето. Додека конфликтот не биде признаен, додека непријателството и злобата на другиот човек не се освестат, болеста ќе се влошува.

Ловн едноставно им забранил на пациентите да разговараат на телефон. И дозволил пациентите да ги посетуваат само оние роднини со кои имале добри односи.

И луѓето закрепнувале, му се заблагодарувале на докторот, а потоа Ловн добил и Нобелова награда – за направена операција на срце. Но требало да добие уште една – за ова откритие, што го потврдува самиот живот.

Како стресот и потиснатите емоции учествуваат во развојот на болести и како да го спречиме тоа?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.