Експертите открија дали поголема употреба на средства за дезинфекција ѝ штети на кожата

Германскиот експерт Јоханес Кноблох вели дека нема докази дека средства за дезинфекција врз основа на алкохол ѝ штетат на кожата, ниту пак дека можат да доведат до поголема отпорност на бактериите, додека кај вирусите тоа не било ни сомнително.

Може ли честата употреба на средства за дезинфекција на рацете да ја оштети кожата? Германскиот експерт Јоханес Кноблох, раководител на одделот за хигиена на Универзитетскиот медицински центар во Хамбург, одговара негативно.

Тој тврди дека зголемената употреба на средства за дезинфекција на рацете од почетокот на пандемијата на коронавирусот е потполно безопасна и дека само во ретки случаи бактериите можат да станат поотпорни на средства за дезинфекција – не се имуни, посочува тој, само малку поотпорни.

„Но, не е забележан таков феномен кај вирусите“, рече Кноблох.

Основната состојка кај повеќето средства за дезинфекција е алкохолот.

– Нема докази дека ова на кој било начин создава отпорност на бактерии и вируси – додава тој. Покрај тоа, ова се производи кои биле дерматолошки тестирани, се исклучително добро толерирани и нема да предизвикаат реакција на кожата.

Околу 15.000 вработени во Универзитетскиот медицински центар во Хамбург ги користат секојдневно, медицински сестри и до четириесет пати во една смена.

– Исклучително ретко, се јавуваат некои нетолеранции или алергиски реакции, па дури и тогаш тоа главно се должи на ароматични или навлажнувачки адитиви – вели германскиот експерт. Хирурзите, објаснува Кноблох, ги дезинфицираат рацете три минути пред операцијата.

– Буквално ја натопуваат кожата со алкохол и нема никакви последици – додава тој. Тој исто така забележува дека дезинфекцијата на рацете со алкохол е веројатно „попријателска“ за кожата отколку за миење премногу често со сапун.

Германското дерматолошко друштво исто така советува дека е подобро да се користи средство за дезинфекција на кожата отколку сапун, по што би било идеално да се нанесува крем на рацете.

Прочитајте и: Како кафето може да ви помогне да откриете дали имате Ковид-19?

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.