Ефикасен третман на упорните габични инфекции на ноктите: Како да ги препознаеме навреме?

Инфекцијата започнува незабележливо...

Габичните инфекции на ноктите се чест проблем со кој се соочуваме во текот на целата година, но карактеристично е тоа што голем број од луѓето особено ги забележуваат во летните месеци, бидејќи тогаш носиме отворени обувки.

Промената на начинот на живот и секојдневните навики како носење тесни обувки, изложеност на влажни и недоволно дезинфицирани површини, следењето на трендот за надградба на нокти и трајно лакирање кај женската популација, како и ширењето на различни родови на габи многу придонесуваат кон пораст на појавата на габични инфекции на ноктите, не само кај нас туку и во целиот свет.

Со оглед на тоа што габичните инфекции се причинител на половина од дистрофиите на ноктите, многу е важно пред да почнеме со третман да бидеме сигурни дека се работи за габична инфекција, бидејки во спротивно ако не станува збор за габична инфекција, потребно е да се избегне долготрајно и неуспешно лекување со антимикотици.

КАКО ДА ПРЕПОЗНЕМЕ ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА НА НОКТИТЕ?

Габичните инфекции започнуваат како бело или жолто пребојување на слободниот раб на ноктите на нозете или рацете. Ако габичките се прошират подлабоко во ноктот, тој станува подебел, врвовите стануваат кршливи и добива потемна боја.

Инфекцијата може лесно да се пренесе од еден на друг нокт, особено доколку не водиме доволно грижа за хигиената.

Доколку забележите некои од овие промени како што се задебелување или деформација на ноктот, промена на бојата и лупење на ноктот во слоеви, веројатно станува збор за габична инфекција и треба да се обратите на дерматолог или во аптека за совет.

Аптека ДНА АННИ ФАРМ ве советуваат во насока на третман и превенција на габична инфекција на ноктите.

Nailner® лак против габичните инфекции на ноктите

Упатство за употреба:
• Nailner® нанесете го на чисти и суви нокти.
• Пред секоја употреба отстранете ги остатоците од козметичкиот лак за нокти.
• Растворот треба да се нанесе на целата површина на ноктот.
• Почекајте најмалку 1 до 2 минути за да растворот Nailner® целосно се упие во ноктот.
• Nailner® може да се употребува за ноктите на рацете или нозете.
• После употребата на Nailner®производите може да нанесете козметички лак.

 

Начин на употреба
ПРВИОТ МЕСЕЦ, нанесете 2 пати на ден (наутро и навечер).
ВТОРИОТ МЕСЕЦ И ПОНАТАМУ, нанесете еднаш на ден се’ додека израсне потполно здрав нокт.
ПРЕВЕНТИВНО нанесете еднаш на ден.

Габичните инфекции на ноктите се подмолен и долготраен проблем, кој треба да се третира веднаш штом го забележите. Инфекцијата започнува незабележливо, но доколку не се третира, со текот на времето може да прерасне во хронична болест.

Во видеото во продолжение, прим. д-р сци. Агрон Старова од поликлиниката „Дерма праксис” ни помага да разбереме што се суперфицијални фунгални односно поважни габични инфекции.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.