Две третини од заразените со делта сојот го имаат ОВОЈ симптом! Не се ни свесни дека го шират вирусот!

Предупредување!

Експертите ги објаснуваат симптомите на делта сојот на коронавирусот

Две третини од пациентите го имаат истиот симптом на ковид-19, поради кој мислат дека се само настинати. Дури потоа доаѓа до губење на сетилото за мирис, што е сигурен знак за ковид-19.

Докторите откриваат дека затнатоста и секрецијата на носот се јавуваат кај 60 до 70 отсто од пациентите со коронавирус откако пристигна делта сојот.

„Кај децата и помладите, коронавирусот започнува како обична вирусна инфекција и првото нешто на коешто се жалат се затнатиот нос и секрецијата, а дури четвртиот или петтиот ден се јавува губење на мирисот. Секако, кога ќе дојде до аносмија, односно до губење на мирисот, а на лаиците им е јасно дека станува збор за коронавирус. И дури 70 отсто од пациентите го имаат тој симптом на губење на мирисот“, објаснуваат докторите.

Воопшто не размислувајќи дека имаат коронавирус, тие несвесно ја шират наоколу, а наместо да одат во ковид-центар, често одат кај ОРЛ специјалисти мислејќи дека синусите проработеле сами од себе.

„Така и се заразив со ковид-19 пред неколку дена. Ние, оториноларинголозите секојдневно прегледуваме голем број пациенти со обични симптоми, со затнат нос. А 50 отсто од нив имаат синузитис, односно воспаление на синусните-параназални празнини како последица на коронавирус, односно воспаление на слузницата на носот и секреција од носот“, вели еден од докторите.

Единствениот начин да се знае дали затнатиот нос е знак на коронавирус е тестирањето.

„Се согласувам дека не можеме да трчаме да се тестираме на инфекција од ковид по секоја настинка и по секоја секреција од носот. Но можеме да се однесуваме одговорно кон луѓето околу себе. Ако имате затнат нос, би требало да размислувате за тоа дека можеби е коронавирус. Не велам дека сите други вируси не постојат повеќе. Но сите мора да бидат сериозни и да сфатат дека коронавирусот започнува со најобична секреција од носот и со затнат нос. Од тој момент мораат максимално да ги намалат контактите, никако да не ја вадат маската, освен кога се сами. Тоа, покрај вакцинацијата, е единствениот начин да се сопре овој вирус“, нагласуваат експертите.

Овој витамин може да помогне во лекувањето на губењето на вкусот и мирисот од коронавирусот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.