Дознајте сѐ што треба да знаете за срцевите аритмии… навреме!

Како и за начините за лекување

Срцевиот мускул има посебни клетки во кои се создава биолошката електрична активност на срцето. Почнувајќи од синусниот јазол, импулсите се шират кон АБ-јазолот, а потоа продолжуваат кон Хисовиот сноп, кој понатаму се разгранува. Ако на тој пат дојде до нарушувања, се јавува аритмија на срцевиот мускул.

Ирегуларноста на фреквенцијата (пулсот) доведува до неправилна срцева работа и тогаш може да дојде до забрзување на срцевиот ритам – тахикардија. Сѐ над 100 отчукувања во минута се смета за тахикардија, а доколку срцевата работа е и аритмична, тогаш зборуваме и за тахиаритмија.

А забавена срцева работа (брадикардија) се нарекува сѐ што е под 60 отчукувања во минута (доколку срцевата работа прогредира кон понизок пулс, индициран е пејсмејкер). Кога ќе дојде до аритмија при брадикардија, тоа го нарекуваме брадиаритмија.

Ако поради некоја причина релативно здрава личност има чувство на срцебиење, тоа е најчесто предизвикано од емотивен стрес, претерано консумирање кофеин, пушење или внесување некои лекови.

Доколку во преткоморите дојде до предвремени контракции, тоа го нарекуваме екстрасистоли и тие се лесно уочливи на ЕКГ. Најчесто се бенигни, но треба да се обрне внимание на нив. Коморските екстрасистоли секогаш се јавуваат од мало жариште во миокардот и, ако се поединечни, не прават голем проблем, но пациентите имаат непријатно чувство во градите. Меѓутоа, кога коморите ќе се контрахираат предвреме, сигурно постои причина за тоа и треба да им се посвети внимание.

Апсолутна аритмија се среќава кога преткоморите и коморите работат секоја со свој, неусогласен ритам. Неусогласеноста помеѓу нив се поправа кога на терапијата со антиритмици ќе се додаде антикоагулантна терапија, поради тоа што овој вид аритмија мора да биде под контрола, бидејќи може да доведе до мозочен удар (шлог).

ЛЕКУВАЊЕ АРИТМИЈА

Многу е битна разликата помеѓу екстрасистолите и апсолутната аритмија. Во двата случаја се користат антиаритмици, али при апсолутна аритмија во почетокот се обидува со електроконверзија на ритамот, вградување пејсмејкер или дефибрилатор, кој го препознава неправилниот ритам. Доколку не помогне ништо од тоа и во случај на поголемо нарушување, се работи за радиофреквентна аблација на јазолот (палење на раната). Крајна помош е хируршко лекување.

Извор: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.