Дома, на работа или во маркет? Експертите откриваат каде најлесно можете да се заразите со коронавирус

Каде најчесто се случува заразувањето?

Дали треба да се плашите кога се разминувате со непознати луѓе?

Повеќето држави ширум светот почнаа со попуштањето на строгите мерки за заштита од новиот коронавирус ковид-19, но експертите за здравје советуваат дека и понатаму треба да бидеме внимателни, за да не ескалира ситуацијата повторно. Во тој контекст, корисно е да се знае кои се најголемите жаришта на коронавирус, односно каде најлесно можете да се заразите и на што треба особено да внимавате…

Каде најчесто се случува заразувањето?

Статистичките податоци покажуваат дека најголемиот број од луѓето се заразуваат во своите домови. Тоа се случува кога еден член на семејството ќе се зарази надвор од домот и потоа ќе го пренесе вирусот на еден или повеќе членови на семејството. Во домот заразувањето оди најлесно, бидејќи се работи за затворен простор во кој двата главни начини на ширење на вирусот се највозможни – директен контакт и загадени површини.

Но колку се безбедни помалите продавници, маркетите и активностите што уживаме да ги извршуваме надвор, како што се возењето велосипед, трчањето и прошетките?

Она што треба да го знаете е дека за да се заразите, треба да бидете изложени на инфективна доза на вирусот, а таа во овој случај изнесува 1000 инфективни единици.

Па, во кои случаи постои поголема инфективна доза на коронавирус?

Тоалет – ризикот од заразување во тоалет може да биде голем, бидејќи тука има многу површини што често се допираат. Освен тоа, иако сѐ уште не е докажано, можно е вирусот да е присутен и во фецесот, па пуштањето вода може да предзвика распрскување на вирусните честички во средината. Затоа, најдобро е да ги одбегнувате јавните тоалети.

Кашлање и кивање – при едно кашлање се ослободуваат 3000 секретни капки, кои се движат со околу 80km/h, додека при кивањето се ослободуваат 10 пати повеќе капки, со 4 пати поголема брзина. При кивањето капките се полесни, па можат и подолго да останат во воздухот. Капките од кашлањето полесно се налепуваат на површините.

Обичен здив – при самото дишење, исто така се испуштаат неколку стотици, па некогаш и до неколку илјади секретни капки. Сепак, коронавирусот кој најмногу се наоѓа во долните дишни патишта, на овој начин тешко може да биде исфрлен во средината.

Заклучокот е дека за да се заразиме, потребно е да бидеме изложени на вирусот доволно време.

Кога заразениот ќе кивне или ќе се искашла, околу 200 милиони вирусни единици се распрскуваат насекаде. Некои од нив завршуваат во воздухот, некои на одредени површини, а најголемиот дел паѓаат на подот. Значи, ако разговараме со некого, лице в лице, и тој кивне или се искашла директно во нас, јасно е зошто постои голема веројатност за зараза.

Но, дури и ако кивањето не е директно насочено кон нас, одредени инфективни капки, можат да се задржат во воздухот и до неколку минути. За да се заразите, доволно е да влезете во просторија во која некој кивнал пред неколку минути и да земете воздух неколку пати.

Преку обичното дишење, се емитуваат околу 20 вирусни единици во минута, што значи потребни се 50 минути за заразеното лице да ослободи инфективна доза. Според таа логика, потребни се најмалку 50 минути престојување во просторија со заразен човек, за да се пренесе вирусот. Но, под услов секоја вирусна единица да ја вдишиме и да дојде до белите дробови, што е невозможно, значи потребно е доста подолго време.

Зборувањето го зголемува бројот на емитираните респираторни секретни капки за околу 10 пати, значи теоретски, потребни се најмалку 5 минути за заразна доза при разговорот лице в лице.

И при двата случаи заклучокот е теоретски, затоа што не се зема во предвид струењето на воздухот. Но, може да се изведе заклучок дека продолжениот контакт е ризичен и во надворешна средина (каде струењето е посилно).

Секој поединец кој имал макар еден разговор со некого што траел повеќе од 10 минути, особено во затворена просторија, е потенцијално заразен. Секој кој поминува подолг период (на пример, цело работно време) во затворена просторија, со повеќе луѓе е потенцијално заразен. Заради овие причини многу е важно секој да остане дома колку што е можно повеќе. Имајте на ум дека голем дел од заразените не покажуваат никакви симптоми, а само едно кивање или кашлање во дадена затворена просторија може биде инфективно за сите присутни. Познато е дека над 44% од заразените се асимптоматски.

Кои се најризичните настани или места?
  • Месна индустрија – природата на работата при процесирањето на месото има потреба од комуникација на густо поставени работници. Според досегашните податоци, дури 115 вакви фабрики биле жаришта на коронавирусот, во над 20 земји од САД.
  • Свадби, погреби, родендени, слави – 10% од вкупниот број на жаришта. Еден вистински пример од САД е одличен за илустрација на опасноста од ваквите настани. Едно момче од Чикаго било инфицирано, но не знаело, значи било асимптоматски преносител. Тој едно утро бил на погреб кај пријатели и се прегрнал со неколкумина за да искаже сочувство. Вечерта бил на роденденска забава со уште деветмина. Забавата траела 3 часа. Еден од оние со кои се прегрнал на погребот бил инфициран, а дури седуммина од учесниците на забавата, исто така биле заразени. Тројца од заразените на роденденот, потоа отишле во црква, бидејќи биле дел од црквен хор. Поголемиот дел од хорот бил исто така заразен. Епидемиолошката слика покажала дека момчето несвесно заразило 16 лица, од кои 3 за жал починале.
  • Ресторани – ручеците и вечерите можат да траат и неколку часови, што значи изложеноста е доста висока.
  • Канцелариски простори во кои се зборува, а и лицата седат збиени, еден покрај друг – според епидемиолошката слика од еден кол-центар во САД, од 216 вработени, заразениот успеал да зарази дури 94 колеги за само една недела.
  • Спортови во сала
Што може да се заклучи?

Речиси сите случаи на ширење на вирусот биле при некакви социјални собири во затворени простории, каде луѓето комуницирале меѓу себе, дишеле, зборувале или пееле, неколку часа или во поголемиот дел од денот (работно место).

Дури 90% од жариштата на вирусот се случуваат во затворени простории, со лоша циркулација на воздухот и голема густина на луѓе на мал простор.

Социјалното дистанцирање во затворени објекти не е од корист, бидејќи со текот на времето, воздухот од едниот крај на просторијата каде што е заразениот, може да дојде до спротивниот крај.

Кои се помалку ризични места?

Интересно, но во овие 90% не влегуваат и пазарувањата во маркетите, иако и тие се затворени простории. Причината за тоа е веројатно претпазливоста на луѓето и временски пократкиот контакт, потоа големината на просторот и добрата вентилација, ограниченоста на бројот на присутни луѓе, дистанцата, маските (почесто се носат и се покорисни отколку во канцелариски простор).

Повеќе истражувања утврдиле дека само 0,3% од ширењата се одвивале во некакви надворешни средини. Тоа е случај поради корисноста на социјалната дистанца, подобрата влажност на воздухот, струите на воздухот кои ги разредуваат вирусните единици и на крајот сончевите зраци кои исто така влијаат врз вирусот.

Дали треба да се плашите кога се разминувате со непознати луѓе? Не, бидејќи струењето на воздухот го врши своето влијание, а освен тоа, без кивање и кашлање, треба да имате контакт со човекот најмалку 5 минути за да се заразите. Истото се однесува и на возењето велосипед и трчањето во природа.

Обрнете внимание на површините каде што најчесто може да завршат секретните капки, почесто мијте ги рацете и не допирајте го лицето. Особено додека сте на работа!

Научниците тврдат: Летото нема да го сопре коронавирусот, туку само ова!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.