Докторите објаснуваат: Што е слаб имунолошки систем?

Функција на имунолошкиот систем е да го штити организмот од се што би можело да го наруши неговото здравје. Со тешки оштетување, ниту еден организам не може да опстане и покрај најефикасните терапии.

Што е слаб имуносистем?

 Посебно денес, во време на пандемијат на COVID-19, важно е да се знае дека имунолошкиот сестем е “темел на одбрана на организмот“. Токму ова објаснува зошто овој вирус е толку опасен за повозрасните луѓе кои имаат слаб имунитет, како и за имунокомпромитираните личности (хронични болни чиј имунитет е слаб или потполно недостига)

Меѓутоа што, впрочем, значи да се има слаб имуносистем и што тоа го предизвикува?

За да го разбереме ова, потребно е да знаеме дека белите кврни зрнца се тие од каде поаѓаме. Белите кврни зрнца констатно циркулираат низ нашиот организам во потрага по проблеми. Во најголем број на случаеви белите крвни зрнца (lлеукоцитите) ги решааваат тие проблеми кои организмот ги има и го штитат телото од надворешните фактори (вируси, бактерии…)

Многу болести, меѓутоа може да влијаат на работата и намалувањето на белите крви зрнца“, вели докторот Доналд Форд. Меѓу нив се дијабетисот и карциномот, како и некои инфекции (HIV).

И други заболувања, како аутоимуни болести како што се лупус, ревматоидниот артритис, истотака може да го ослабат имунитетот. Хиперспленизам, Миелодиспластичен синндром, некои лекарства истотака може да влијаат до намалувањето на крвните зрнца.

Лошата исхрана недостатокот на минерали и витамини, како и некои видови анемии кои влијаат на создавањето и соревањето на белите крвни зрнца, па како резултат на тоа доведуваат до намалување на нивното ниво во крвта. Недостатокот на цинк, бакар, недостаток на витмин Б12 можат да бидат причина за намалениот број на нуетрофили, а со тоа и причина за намалениот број на леукоцити.

Малиот број на леукоцити предизвикуваат поголема подложност на инфекции. Колку е помал бројот на белите крвни зрнца, толку ризикот од инфекцијата е поголем, а вашиот имун систем послаб.

Како да се зголеми бројот на леукоцитите?

Личности кои патат од леукопенија (ниски леукоцити) мораат посебно да водат внимание за хигиената, исхраната како и контактот со други личности затоа што се подложни на инфекции и опоравувањето може подолго да трае.

Еве и неколку препораки за исхрана за зголемување на бројот на леукоцитите:

Дневно е убаво да се косумира храна со висока содржина на антиоксиданти, влакна, калциум, рибино масло, мононезаситени масти и со низок гликемичен индекс. Некоја храна помага да се намалат високите нивоа на леукоцити. Тие вклучуваат лук, грозје, зачини, соја протеин, ореви, маслиново масло, црн и зелен чај, оцет.

1. Омега-3 масни киселини

Тие се еден вид на полинезаситени масти, кои го поддржуваат здравјето на срцето и ја подобруваат активноста на фагоцитите, кои се вид на бели крвни клетки, кои го пазат организмот од страни бактерии.

Омега-3 полинезаситени масни киселини се наоѓаат претежно во мрсните риби како пастрмка, харинга, лосос, како и во оревите и ленено семе. Ако во телото има малку леукоцити, тогаш ако јадете од овие производи бидете сигурни дека ќе си помогнете самите на себе.

2. Антиоксиданти

Тоа се супстанции кои ги штитат клетките од штетните молекули наречени слободни радикали кои ги оштетуваат клетките, протеините и ДНК. Земањето на производи со антиоксиданси помага за заштита на човечкиот организам. Во антиоксидантие има алил сулфиди – затоа јадете кромид, праз, лук, каротеноиди – се среќаваат во овошјето и морковите, флавоноидите – ги има во овошјето и зеленчукот, како и полифенолите – чај и грозје. Тие помагаат за одржување на здрав имунолошки систем.

3. Витамин Ц

Овој витамин му помага на организмот да произведе повеќе леукоцити, што од своја страна му помага на организмот да се бори против инфекциите. Сите агруми – вклучувајќи ги портокалите, лимоните, мандарините – содржат витамин Ц. Исто така може да се добие витаминот Ц и од други плодови, како папаја, ананас и гуава. Да не заборавиме и за зеленчукот, кој е богат со витамин Ц како морков, брокула, карфиол, зелка и пиперки.

Во прилог на овие хранливи материи, може да консумирате и по некое безалкохолно пиво! Верувале или не, една студија покажа дека пиењето на 1 до 1,5 литри безалкохолно пиво за 3 недели ги воведува леукоцитите во нормала.

Но сепак најважна е балансираната храна за секој човек.

Текст: А. Наков
Фото: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.