Доктор Никола Бондоно: Флавоноидите спречуваат рак и срцеви болести! Најмногу ги има во овие производи!

Резултати од истражувања долги 23 години

Некои производи ја имаат моќта да дејствуваат превентивно

Флавоноидите го намалуваат воспалението и дејствуваат како моќни антиоксиданси.

Луѓето што јаделе повеќе храна богата со флавоноиди имаат помала веројатност дека ќе заболат од рак и срцеви болести, за разлика од оние што ја одбегнувале таа храна.

Овие болести особено ги погодуваат пушачите и оние што консумираат алкохол, покажало истражувањето спроведено на Универзитетот во Австралија.

Ова откритие е резултат од анализата на исхраната што била спроведена во период од 23 години и во која учествувале повеќе од 53.000 Данци.

Докторката Никола Бондоно, авторот на истражувањето, вели дека резултатите би требало да ги поттикнат луѓето повеќе да консумираат овошје и зеленчук, особено оние што спаѓаат во ризична група за појава на рак или срцеви болести.

Некои истражувања тврдат дека голем број луѓе ги изгубиле своите животи, токму поради намалената консумација на овие производи.

Истражувањата откриле дека консумирањето околу 500 милиграми флавоноид дневно обезбедува најголема заштита од болести.

„Ова е извонредно истражување што содржи убедливи докази дека тоа што го јадеме може да го подобри здравјето. Флавоноидите играат значајна улога во исхраната“, тврди докторката.

Храната што содржи флавоноиди вклучува овошје, зеленчук, темно чоколадо, чај и црно вино.

„Една шолја чај, едно јаболко, еден портокал, 100 грама боровинки  и 100 грама брокули нудат широк спектарна флавоноидни соединенија и повеќе од 500 милиграми флавоноиди“, открила докторката.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.