Дали затнатиот нос е симптом на коронавирус: Мислење на експерти!

Како да направите разлика?

Има ли причина за загриженост?

Кога ќе поминат топлите денови, сите знаеме што следи: затнат нос! Но годинава, оваа сосема позната појава може да биде и причина за загриженост, со оглед на пандемијата на коронавирус.

Факт е дека растечениот затнатиот нос се наведени како симптоми на коронавирус според Центарот за контрола и превенција на болести, но не се смета за еден од најчестите симптоми, смета доктор Неха Вајас. Па колку треба да се загрижиме ако носот ни тече, ако е затнат и ако киваме?

Еве што треба да знаете…

Колку често се јавува како симптом на коронавирус?

Засега нема точен податок колку заразени луѓе го имаат и овој симптом, но Светската здравствена организација вели дека постојат. На самиот почеток на пандемијата објавија резултати кои тврдат дека 4,8% од пациентите во Кина го пријавиле и овој симптом. Бројката е многу помала од симптомите како температура (87,9%), сува кашлица (67,7%) и умор (38,1%).

Како да препознаете дали се работи за симптом на коронавирус?

Како и многу други симптоми на ковид-19, затнатиот нос не е специфичен симптом, што значи дека може да се поврзе со бројни болести. Ова е особено важно да се знае во време кога ни се закануваат грипот и алергиите, но и обичната настинка.

Всушност, единствениот начин да дознаете дали се работи за коронавирус е да се тестирате, а таа одлука ќе зависи и од други симптоми, околности и мислења на лекари. Важно е да контактирате доктор, освен ако имате и некои потешки симптоми кои изискуваат итен медицински преглед.

Доктор Вајас наведува дека ако дојде пациент со наведениот симптом, најпрво ќе провери дали пациентот има и други симптоми на коронавирус, покрај општата здравствена состојба.

„Важно е да не се донесуваат заклучоци без проверка, па така секој лекар ќе праша дали постојат и симптоми на алергија и дали ги имате истите проблеми секоја година кога ќе настапи есента“, додава докторката.

Покрај тоа, и вашите животни навики играат голема улога. Ако ги игнорирате упатствата за дистанцирање, не носите маска или не миете раце, тестот за коронавирус би морало да биде следниот чекор, заклучила доктор Вајас. Сепак, ако сте од оние што ги следат препораките, вашиот лекар веројатно нема веднаш да ве советува да се тестирате за коронавирус.

Нема повеќе сомнеж, вака се пренесува коронавирус: Експертите откриле застрашувачка вистина за вирусот која ја парализирала планетата!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време