Дали страдате од несоница? Овие совети од експерти за спиење ќе ви помогнат

Што практикуваат експертите?

Несоницата која трае со денови, недели или месеци може да предизвика здравствени проблеми. Ви донесуваме докажани совети за добар сон…

Кога последен пат сте спиеле добро?

Со овие стручни совети, проблемите со спиењето конечно би можеле да завршат. Што советуваат експертите?

Тие не бројат овци, но…

„Ако не сте од оние среќници кои заспиваат штом ќе ја допрат перницата со главата, помислете на еден збор, но не на кој било кој туку некаков што ви помага да се опуштите и да се фокусирате на сонот“, советува д-р Роберт Розенберг.

Дишете полека низ дијафрагмата и со секое издишување помислете на тој збор. „Тоа ви помага да се опуштите и да ја елиминирате секоја бучава од околината, што е клучно за смирување на умот“, тврди Розенберг.

Реномиран лекар го практикува овој метод 10 минути пред да заспие, а многу пациенти што ги лекувал сведочат дека им биле потребни помалку од десет минути да заспијат со овој метод. Обидете се со овој метод пред спиење, но и кога ќе се разбудите среде ноќ и не можете повторно да заспиете.

Прво ги заспиваат тешките мисли, а дури потоа и самите себе

Можеби веќе сте го слушнале советот да ги запишете сите грижи на еден лист хартија неколку часа пред спиење и на тој начин да се ослободите од тешките мисли. Овој метод го практикуваше Кетрин Дарли, лекар за натуропатија од Сиетл. По смртта во близок круг на семејството, таа не можеше да спие шест недели, па реши да го испроба овој метод.

Два часа пред спиење, запишете сè што ви го зафати умот тој ден. „Добро е да го направите ова неколку часа пред спиење затоа што на тој начин имате доволно време да се опуштите откако ќе пишувате и да се фокусирате на нешто друго. На некој начин, ги заспивате вашите тешки мисли многу пред да легнете сами“, објаснува Дарли.

Овој метод исто така дава резултати во ситуации кога се борите со тешки емоции или вознемиреност од која било причина. Кетрин Дарли тврди дека нејзините пациенти сведочат дека ова е една од најефикасните стратегии за борба против тешкотиите во спиењето.

ФОТО: Unsplash

Тие прескокнуваат попладневна дремка

„Пациентите секогаш се изненадени кога ги советувам да ја прескокнат попладневната дремка, дури и ако не ги затвориле очите претходната вечер“, вели д-р Дејмон Раскин, интернист специјализиран за нарушувања на спиењето.

Попладневната дремка ќе ги „испразни“ вашите „резерви на сон“, односно ќе ве направи помалку поспани во вториот дел од денот, што ќе го отежни заспивањето во време кога веќе треба да бидете во кревет. Ова може да предизвика циклус на несоница во кој сигурно не сакате да влезете.

Ако не можете без пауза за ручек, прескокнете го кафето (кое ве држи будни) и поминете барем 20 минути пешачејќи во природа со драги луѓе – се покажа дека тоа има големо влијание врз менталното и физичкото здравје.

Тие купуваат посебни чаршафи

Делењето кревет со партнерот може да биде причина да бидете уморни наутро. Роберт Оксман, директор на Американскиот институт за нарушувања на спиењето, тврди дека одделните чаршафи и ќебиња прават разлика.

Посебната постелнина им овозможува на луѓето да се свртат и да се прилагодуваат како што им одговара во текот на ноќта без да му пречат на партнерот. Исто така, секој од нас има различни потреби кога станува збор за топлината на ќебето – што е пријатно за некои, може да создаде непријатност за други и да го расипе спиењето.

Наместо апчиња за спиење, тие го земаат ова

„Понекогаш се будите среде ноќ и што и да правите не можете да заспиете повеќе затоа што не сте во можност повторно да го „исклучите мозокот“, објаснува д-р Ребека Шалев. Таа успеа да го заобиколи со тоа што зеде три грама глицин – едноставна несуштинска аминокиселина што може да се добие во аптеките без рецепт.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои земаат глицин ноќе спијат подобро од оние кои земаат апчиња за спиење. Исто така, наутро се будите повеќе одморени и полни со енергија. Глицинот се наоѓа во храна богата со протеини што можеби не ја сакате во два часот навечер, но како додаток во исхраната може да се зема во кое било време, што е одлично ако се разбудите среде ноќ.

Тие се потпираат на носот

Д-р Оксман има одличен совет за секој што патува често и има проблем со спиењето: испрскајте го вашиот омилен мирис низ хотелската соба и уживајте додека се опуштате покрај него. Истиот трик можете да го примените на патната перница за време на долгите летови со авион. Со текот на времето, ќе научите да го поврзувате овој мирис со спиењето и удобноста на вашиот дом, правејќи ви полесно да заспиете.

Прочитајте и: Пет основни правила за совршен почеток на денот

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.